Лудоста во Дортмунд | Панорама | DW | 12.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Лудоста во Дортмунд

Тоа што вечер во Дортмунд ќе се игра натпревар по вчерашниот напад врз фудбалскиот автобус, за Марко Лангер е проблематична одлука. Откажувањето не би значело потклекнување пред насилството.

На Ханс Јоахим Вацке не треба да му се позавиди. Оној кој можеше да го види изразот на лицето на директорот на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд по нападот врз неговиот тим, може отприлика да си претстави дека тоа беа најтешките моменти во животот на еден фудбалски менаџер. Вацке сноси одговорност, а таа не е лесна.

Лесно е од страна да се даваат совети: треба да се направи тоа или тоа. Полицијата требаше да биде построга, УЕФА треба... и т.н. Сепак, нека ни биде дозволена една оценка: одлуката вечер да се игра фудбал на стадионот во Дортмунд, е проблематична, при целиот респект кон господин Вацке и оние кои се одговорни. Уште повеќе: таа е погрешна, иако не зависи само од Борусија Дортмунд , туку е донесена во дослух со надлежните од УЕФА и фудбалскиот клуб Монако.

Со апел кон екипата...

„Тукушто апелирав до тимот во кабината, да ѝ покаже на јавноста дека нема да потклекнеме пред теророт“, напиша Вацке претпладнево на Твитер. Откако синоќа можевме да видиме како менаџерот ја доживеа ситуацијата, радо би ги чуле размислувањата на играчите. „Еден од нас лежи во болница.“ „Ние само сакаме да играме фудбал.“ „Тоа ни е професијата.“ „Навивачите се радуваат на играта“ „Следната недела се игра веќе реванш-натпреварот.“

Веројатно такви биле размислувањата на фудбалерите, не би сакале да бидеме ни во нивна кожа. Но, дортмундските фудбалски професионалци требаше да бидат заштитени од нивната професионалност. И можеби господин Вацке од него самиот. Зашто: кој всушност ни кажува дека ние, под впечатокот на терор и насилство, треба секогаш да продолжиме натаму, како ништо да не се случило? Терапевтите кои се занимаваат со сузбивање на состојбите на страв, можат да посведочат дека процесот трае со години. И дека е фатално ако човек се спротиставува на процесот на залечување на стравот. Но ние, во нашето продуктивно ориентирано и непоколебливо општество, веруваме дека сѐ се одбива од нас? Од играчите, од   нивните партнери, од фудбалските навивачи, од гледачите пред ТВ екраните, кои поради постојани информации за терор, војни и насилство речиси не сакаат веќе да гледаат телевизија? Јас не верувам во тоа.

Marko Langer Kommentarbild App PROVISORISCH (Sarah Ehrlenbruch)

Марко Лангер

Од Париз кон Дортмунд

Убеден сум дека вечерва многумина фудбалски фанови во стадионот ќе имаат противречни, мешани чувства. Верувам исто така, дека младите играчи на теренот (тешко повредениот фудбалски професионалец Марк Бартра со 26 години е еден од постарите играчи), на моменти ќе бидат преоптоварени, зашто постојано треба да го покажат своето највисоко постигнување. „За мене спортот, утакмицата и противничките голови останаа комплетно во заднина“, изјави германскиот сојузен тренер Јоахим Лев, откако околу стадионот во Париз, на кој што настапуваше неговата екипа, во ноември 2015. година експлодираа бомби. 

А сега? Шоуто мора да продолжи. Бундеслигата, Купот, реванш-натпреварот во Монако следната недела, распоредот на натпреварите, термините....

Да, па што? Кој и да ги поставил тие гнасни бомби, посегнал по животот на фудбалерите од Борусија Дортмунд. Ним и на нивните најблиски тоа им е брутално јасно. Огромна среќа е што не се случи нешто пострашно. Да не се разбереме погрешно: не станува збор за поплака против комерцијализираниот систем на професионалниот спорт. Сите во стадионот, вклучувајќи го и авторот на овој текст, го сакаат овој спорт и исправно е со него да се заработува. Но, токму поради тоа што на професионалниот спорт му оди толку добро, можни беа и други решенија. Свртување кон себе, кон својата интима. Еднаш. За играчите, за сите нас.

Гледај видео 01:22

Напад врз автобусот на Борусија Дортмунд

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина

Реклама