Ласло Трочани како еврокомесар за проширување - триумф на Орбан над ЕУ | Свет | DW | 11.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ласло Трочани како еврокомесар за проширување - триумф на Орбан над ЕУ

Дипломатски триумф на конзервативниот премиер Виктор Орбан - неговиот поранешен министер за правда Ласло Трочани треба да преземе една од клучните позиции во новата Европска Комисија.

Унгарскиот премиер немаше многу среќа со својот последен еврокомесар. Тибор Наврачич, ветеран во Орбановата партија Фидес и човек со умерен тон, како комесар за образование, култура, млади и спорт во интервјуата сѐ повеќе се дистанцираше од изданоците на Орбановиот илиберализам. Освен тоа, тој индиректно, но сепак јасно, нагласи дека е обврзан во прва линија кон институцијата ЕУ и задачите што ги има како член на Европската комисија.

Овојпат Виктор Орбан оди на сигурно. Унгарската влада за еврокомесар го номинираше поранешниот министер за правда Ласло Трочани, човекот кој важи за бескрајно лојален на Орбан. Унгарија ја доби една од функциите во Европската комисија која е меѓу оние кои имаат најголемо медиумско присуство - ресорот за проширување и соседска политика на ЕУ. За Виктор Орбан ова е еден од најголемите дипломатски успеси во последните години и речиси триумф над ЕУ, ако се има предвид дека Унгарија е соочена со постапка за проверка на правната држава согласно членот 7 од Европскиот договор. Освен тоа, пролетоска беше суспендирано и членството на партијата Фидес во Европската народна партија.

Повеќе:

ЕП бара „нуклеарна опција“ против Унгарија

 Орбан подготвен да се извини за навредите кон ЕНП

Во странство - бел лист хартија

Сега значи Трочани треба да биде еврокомесар за проширување. 63-годишниот правник досега е речиси непознат во странство. И во Унгарија широката јавност речиси и не го познаваше пред да биде назначен за министер за правда во 2014 година. Притоа, тој одамна се вбројува во релевантниот резервен кадар на Фидес. Специјалистот за споредбено уставно право и правни прашања на европската интеграција направи кариера како дипломат и амбасадор во Брисел во времето на првата влада на Орбан 1998-2002 година. Подоцна стана уставен судија. Но, никогаш не негувал поголеми политички амбиции.

Трочани не е дел од агитаторите на системот Орбан и секогаш аргументира трезвено, но не остава простор за сомнеж во неговите позиции. На пример, кога беше назначен за министер за правда изјави дека вообичаената правна филозофија на крајот на 20. век го нагласила предимството на индивидуалните основни права. Но, додаде и дека постои пристап кој им придава значење на заедничките интереси. Тој лично смета дека хармониозирањето на индивидуалните и заедничките интереси е важно, рече Трочани. Во праксата Трочани се погрижи контроверзните унгарски закони за азил, законите против невладините организации, лекс ЦЕУ или Стоп-Сорос пакетот да бидат барем до некаде правно кохерентни.

Ungarn Politik (picture-alliance/P.Gorondi)

„Стоп Сорос“ плакат во Будимпешта (1.02.2018)

Унгарска влада: Новото раководство во Брисел да го запре доселувањето

Кога се има предвид сѐ ова, за новата ЕК се поставува прашањето колку ќе биде Трочани лојален кон Брисел. За унгарската влада одговорот е јасен: од новото раководство во Брисел се очекува да му стави крај на доселувањето и да ја брани Европа на нациите и на христијанската култура, соопшти таа. За такви вредности се залага и Трочани.

Функцијата еврокомесар за проширување има и уште едно големо значење за Орбан. Унгарија, како ниедна друга ЕУ-земја, одамна се залага за брза интеграција на државите од Западен Балкан, пред сѐ на Србија и Црна Гора. Орбан негува блиски односи со водечки автократски политичари како Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ. На поранешниот македонски автократ Никола Груевски, кој минатата година избега во Унгарија за да избегне затворска казна, му додели азил.

Karte Visegrad-Staaten (DW)

Калкулацијата на Орбан гласи: колку побрзо земји од Западниот Балкан станат членки на ЕУ, толку посилни се позициите на Вишеградската група, составена од Унгарија, Полска, Чешка и Словачка

Калкулацијата на унгарскиот премиер притоа е: колку побрзо земји како Србија или Црна Гора станат членки на ЕУ, толку посилни се неговите позиции и позициите на другите држави од Вишеградската група, значи Полска, Чешка и Словачка. Затоа, едно од Трочани не треба да се очекува - да ги тематизира големите демократски дефицити и недостатоците во владеењето на правото во западнобалканските држави.

DW.COM

Реклама