Кој ќе го одлучува победникот на изборите во САД? | Свет | DW | 04.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кој ќе го одлучува победникот на изборите во САД?

Претседателот Доналд Трамп веќе се прогласи за победник на изборите и побара да престане броењето на гласовите, заканувајќи се со жалба пред Врховниот суд. Кои сценарија се можни по изборите?

Доколку ниту еден кандидат не обезбеди мнозинство од изборните гласови, поради нерешен резултат од гласањето или нерешените спорови околу гласовите во поединечни сојузни држави, новоизбраниот Претставнички дом на Конгресот тогаш би одлучувал кој ќе биде претседател најдоцна до 6 јануари, како што е предвидено во Уставот на САД. Последен пат тоа се случи во 19. век.

Понатамошно компликување на работите може да има ако сојузните држави не ги изберат своите електори до 8 декември - можеби поради тоа што сè уште ќе се во тек судските спорови - Конгресот не мора да ги прифати резултатите од нивната сојузна држава. 

-повеќе на темата: Што доколку нема јасен победник на изборите? 

Што ќе се случи ако до денот на инаугурацијата на 20 јануари, не биде донесена одлука за идниот претседател? Тогаш функцијата ја презема  избраниот потпретседател или спикерот на Претставничкиот дом, во зависност од тоа дали Сенатот има избрано потпретседател до 20. јануари. 

И демократите и републиканците се подготвуваа за правни конфликти по изборите. На неколку дена пред гласањето веќе беа поднесени 365 тужби во врска со изборите, а двете кампањи составија впечатливо големи правнички  тимови .

Повеќето тужби за тоа како се спроведуваат изборите ќе бидат решени во  судовите на сојузните држави, вели Брус Акерман, експерт по уставно право и професор по право на универзитетот Јеил. 

-повеќе на темата: Трамп прогласи победа и побара да запре броењето

Тој и другите експерти сметаат дека е малку веројатно дека ќе видиме повторување на случајот Буш против Гор од 2000 година пред Врховниот суд на САД, кој всушност го одлучи исходот на тие претседателски избори, и покрај тоа што претседателот Трамп изнесе поинакви тврдења.

„Случајот Буш против Гор имаше негативни последици за Врховниот суд на САД“, вели Акерман за ДВ. „Тоа беше преседан, кој ги шокираше правните научници од целиот спектар.“ 

Но, Трамп утрово веќе најави таква можна разврска заканувајќи се дека доколку не престане броењето на гласовите, ќе тужи пред Врховниот суд. 

DW.COM

Реклама