Што знаеме за потеклото на пандемијата на коронавирусот? | Свет | DW | 05.06.2021

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Што знаеме за потеклото на пандемијата на коронавирусот?

Кина ја критикува истрагата на американските тајни служби за потеклото на пандемијата. Имало ли лабораториска несреќа? По што се разликува САРС-КоВ-2 од други коронавируси? Преглед на факти:

Речиси 170 милиони луѓе ширум светот биле докажано заразени со САРС КоВ-2, а повеќе од 3,4 милиони луѓе починале од или со вирусот. Од каде потекнува овој многу заразен вирус, кој ги парализираше економиите со месеци и уништи безброј егзистенции? Досега имаше повеќе шпекулации отколку факти за тоа каде настанала глобалната пандемија.

„Волстрит журнал“, повикувајќи се на извештај на американската тајна служба, неодамна пишуваше за можна несреќа на Институтот за вирологија во Вухан, каде во ноември 2019 година тројца вработени биле толку сериозно болни со симптоми слични на Ковид што завршиле во болница.

Американскиот претседател  Џо Бајден им нареди на тајните служби на САД да соберат сигурни факти наместо претпоставки во врска со можната лабораториска несреќа во Кина и да му достават извештај во рок од 90 дена.

„САД ќе продолжат да работат со партнери истомисленици за да се изврши притисок врз Кина да учествува во целосна, транспарентна, меѓународна истрага заснована на факти и да обезбеди пристап до сите релевантни податоци и докази“, рече американскиот претседател.

Кина ги обвини САД за политизирање на потрагата и тврди дека САД сакаат да ја обвинат Кина за пандемијата. Во исто време, претпоставената земја на потекло, Кина, блокира отворена истрага и категорично отфрла каква било одговорност.

Што досега е познато за вирусот?

Кинеските научници уште во јануари 2020 година ја пронајдоа причината за зачестените, досега непознати, воспаленија на белите дробови, од што во градот Вухан починаа изненадувачки многу луѓе. Тие во клетките од дишните патишта пронајдоа гени на РНК-вирус со позитивен поларитет од фамилијата на коронавируси, кој е вброен во подгрупата Б (бетакоронавирус).

Овој вирус беше дефинитивно сосема нов, но имаше големи сличности со коронавирусот кој во 2002-2004 година ја предизвика пандемијата на САРС: САРС-КоВ. Вирусот од јужна Кина за неколку недели се прошири речиси на сите континенти. Ширум светот докажано заболеа 8096 лица од САРС, а починаа 774.

Иако бројките во споредба со актуелната пандемија беа ниски, уште тогаш се покажа колку застрашувачки брзо во глобализираниот свет може да се шири една многу заразна болест.

Каде прво се појави вирусот?

Некои студии укажуваат дека вирусот веќе се ширел неколку недели, па дури и месеци, пред да биде откриен во Вухан на крајот на декември.

Во Кина, според наводи на весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“, уште на средината од ноември имало докажана инфекција со САРС КоВ-2. Но, тоа не значи и дека вирусот потекнува од Кина.

Научници од Кембриџ во април 2020 година објавија студија, според која пандемијата веројатно почнала помеѓу септември и почетокот на декември 2019 година - или во Кина или во некоја соседна земја.

China Wuhan Coronavirus Institute of Virology

Институтот за вирологија во Вухан

Меѓутоа, траги од новиот вирус беа пронајдени и во проби од отпадни води во Италија и Бразил, земени во декември, односно ноември 2019 година. Во Италија беа пронајдени антитела против САРС КоВ-2 и во крв земена од учесници на скрининг на бели дробови во периодот помеѓусептември 2019и февруари 2020 година.

Тоа што постоењето на вирусот во одделни случаи во Европа беше докажано уште во доцната есен 2019 година и од средината на ноември во Кина, меѓутоа не е доволно за да се извлече веродостоен заклучок за потеклото на пандемијата. Тоа само покажува колку брзо еден многу агресивен вирус може да се решири во светот.

Од кое животно потекнува вирусот?

За најверојатно сценарио се смета зоолошкото потекло преку животно „меѓудомаќин“. Значи, некое животно го носело првичниот вирус во себе, а потоа му го пренесло на друго животно. Но, досега не е идентификувано стопроцентно ни животното кое потенцијално го имало првично вирусот, ниту пак „меѓудомаќинот“. Исто така, досега и постоењето на двата САРС-коронавируси не се недвосмислено докажани во животинскиот свет. Меѓутоа, двата САРС-коронавируси се дефинитивно сродни со коронавируси пронајдени кај одредени видови лилјаци кои потекнуваат од југоисточна Азија. Генската секвенца на САРС-КоВ-2 е 96,2% идентична со коронавирусот РаТГ13, кој е пронајден кај т.н. лилјак-потковица.

Brasilien Rio de Janeiro | Forschung an Fledermäuse | Pandemien

Каква е навистина поврзаноста на лилјаците и пандемијата на коронавирусот?

Тоа звучи како многу голема сличност, но речиси исто поклопување има и со коронавирусот пронајден кај панголините.

Со оглед на тоа што повеќето луѓе немаат директен контакт со лилјаците или панголините, експертите ги испитуваат и потенцијалните „меѓудомаќини“ на вирусот, кои имаат поблизок контакт со луѓето, како кунитеили цибетките. На пример, куните може лесно да добијат САРС-КоВ-2 од луѓето. Теоретски, преносот на вирусот од животно на човек е поневеројатно, но е можно.

Повеќе: Кинеската традиција на јадење диви животни и коронавирусот

Дали вирусот потекнува од лабораторија?

Докажано е дека Институтот за вирологија во Вухан експериментирал со коронавирусот РаТГ13 и со РмИН02, чија генска секвенца со поклопува со онаа на САРС КоВ-2 дури 93,3%. Врз основа на тоа се извлекуваат два заклучока: САРС КоВ-2 би можел да биде вештачки создаден како еден вид биолошко оружје и/или да излегол од лабораторија како резултат на несреќа.

Експертите кои СЗО ги испрати во Кина сметаат дека овие две сценарија се „исклучително неверојатни“. Меѓутоа, тие не се многу уверливи, зашто при својата многу ограничена истрага не можеа да спроведат сопствени инспекции или обезбедување докази, затоа што тоа не го дозволи Кина. Наместо тоа, мораа да се потпрат на јавно достапните податоци од своите кинески партнери за разговор. Дури и шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус побара натамошна проверка на хипотезата на лабораториска несреќа во Вухан.

 „Биолошко оружје“?

Повеќето експерти сметаат дека е многу неверојатно да се работи за вештачки создаден САРС КоВ-2 во лабораторијата во Вухан. Тим предводен од шведскиот професор по микробиологија Кристијан Андерсен од Скрипс-институтот во Ла Хола, Калифорнија, го истражуваше спајк-протеинот на површината на вирусот.

При секвенцирањето на геномот се покажаа две значајни разлики помеѓу САРС КоВ-2 и сродните коронавируси. Протеинот е поинаку граден и аминокиселините имаат поинаква структура. Вирусот поради тоа може полесно да навлезе во човечките клетки, но вирусната структура, според тимот истражувачи не е доволно рафинирана за да биде „биолошко оружје“.

Лабораториска несреќа?

Останува теоријата дека кинески научници експериментирале со опасни коронавируси, како РаТГ13 или РмИН02, и дека САРС КоВ-2 излегол од лабораторија несакајќи, како резултат на несреќа. Кинеското раководство тоа категорично го демантира.

Експертите на СЗО испратени во Кина врз основа на податоците кои им биле доставени сметаат дека таква несреќа е „исклучително неверојатна“. Против таквата теорија зборува. меѓу другото, еволуцијата на вирусот. Освен тоа, Институтот за вирологија во Вухан има високо безбедни лаборатории. Во податоците кои се доставени исто така нема индиции за лабораториски несреќи или сомнителни заболувања на вработените.

Но, ова, барем по информациите на „Волстрит журнал“, кој цитира американски тајни служби, не е точно. Имено, според извештај на тајните служби уште во ноември 2019 година тројца вработени во институтот имале толку тешко Ковид-симптоми, што морале да заминат во болница. Кина го негира тоа.

Претпоставки наместо факти, деманти наместо транспарентност - останува да се почека дали навистина ќе се дознае од каде потекнува пандемијата и како евентуални пандемии во иднина да се сузбиваат порано отколку во сегашниот случај.