Комисијата на Фон Дер Лајен со амбициозни планови | Свет | DW | 28.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Комисијата на Фон Дер Лајен со амбициозни планови

Заштита на климата и дигитализација се клучните теми на новата Европска комисија. Убаво кажано – но сега Урсула фон дер Лајен мора пред да се погрижи за земјите членки и за парите, смета Бернд Ригерт.

Претседателката на Европската комисија,  Урсула фон дер Лајен направи многу отстапки во Европскиот парламент за да добие поддршка за нејзината Комисија. Таа вети многу нешта и сега мора да ги исполни - заштитата на климата, зајакнување на улогата на парламентот, инвестици во дигиталната економија, поголема родова рамноправност како и посилна улога на Европа во светот и уште многу нешта. За да го оствари сето ова на претседателката на комисијата не и` потребна само поддршката од европратениците, туку и на шефовите на држави и влади на земјите членки – без нив таа е речиси немоќна.

Во крајна линија, токму тие летово ја номинираа германската политичарка за највисоката позиција во Комисијата, заобиколувајќи го парламентот.  Францускиот претседател Емануел Макрон  во меѓувреме покажа кој е кој, демонстрирајќи моќ преку ветото за  пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и со барањето за независна европска одбранбена политика. Тој им ја наметна на Фон Дер Лајен и на Комисијата и идејата за конференција за реформи на ЕУ. Оваа идеја сега ја поддржува и Германија.

Уште една конференција

Конференцијата би била втора ваква во историјата на тема реформирање на ЕУ, на која сите би сакале да имаат збор за обновата на Унијата – пред 18 години ваква средба се одржа под името „Конвент“. Самитот треба да го организира новата Комисија на Фон Дер Лајен. Фон Дер Лајен, која немаше време да се запознае со различните предизвици со кои се соочува ЕУ, повеќе ќе настапи како посредник отколку како донесувач на одлуки. Но ова, во крајна линија, не е задачата на највисокото извршно тело на ЕУ – и покрај тоа што Фон Дер Лајен се обидува на Комисијата да и` даде „геополитички“ печат.

Riegert Bernd Kommentarbild App

Бернд Ригерт

Освежувачки е нејзиниот обид да се внесе нов свеж имплус во Брисел.  Да се надеваме дека таа ќе има доволно енергија да се справи со проблемите како климатски промени, дигитализација и порастот на десните популисти. На меѓународен план, ќе биде важно Фон Дер Лајен да настапи како рамноправен партнер наспроти кинеското раководство, американскиот претседател и африканските лидери кога ќе разговара на тема човекови права, трговија и миграција. Над се`, таа ќе преговара и за идните односи меѓу Унијата и Велика Британија. Тоа значи дека Фон Дер Лајен е исправена пред навистина сериозни предизвици.

Клучен тест во втората половина на 2020

Старата Комисија ги надмина кризите и ја направи Европа посилна, гласи анализата на Фон Дер Лајен. Таа сега сака да ги постави темелите за иднината. Тоа несомнено ќе биде тешка задача. Таа си постави амбициозни цели, за чие остварување и е потребна подршка од најсилната земја членка, нејзината татковина Германија.

Клучниот тест следи следната година кога ќе се зборува за парите. Фон Дер Лајен ќе треба за време на германското претседателствување со Унијата во втората половина на 2020 да го изготви европскиот буџет за следните седум години, кој ќе соодветствува на нејзината амбициозна агенда, а кој ќе биде поддржан од Германија која е најголемиот нето плаќач во Унијата. Дали канцеларката Меркел великодушно ќе ја поддржи својата поранешна министерка или ќе ја остави со „куси ракави“?

Ова ќе биде момент на вистината за Фон Дер Лајен. Времето на возвишени говори заврши. Сега е време да ги засука ракавите и да се фати за работа.

 

Реклама