Кога Меркел „мајчински“ опоменува | Информации и анализи за Балкан | DW | 11.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Кога Меркел „мајчински“ опоменува

Конфликтот на Софија со Скопје околу историските прашања може да му стави крај на проширувањето на ЕУ, анализира германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг по Самитот ЕУ- Западен Балкан.

Иако формалниот повод за Самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија беа проширувањето на ЕУ и соработката меѓу земјите од регионот, сепак, тој падна во сенка на спорот кој Бугарија му го наметнува на својот сосед, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг.
„Заеднички домаќини на годинешниот самит беа Бугарија и Северна Македонија. Но, конференцијата која, поради пандемијата речиси целосно се одвиваше преку видео врска, беше засенета од кавгата на домаќините: Бугарија се заканува, да го блокира за декември планираниот почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, се додека владата во Скопје не ги прифати бугарските погледи за јазичката и етничката блискост на двете соседни држави како ’историски вистини’“, пишува ФАЦ.
Берлин, наведува весникот натаму, како актуелен претседавач со ЕУ се обидува да посредува во спорот на највисоко ниво.
„Претседателот Франк- Валтер Штајнмајер, канцеларката Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Хајко Мас се вклучија во барањето компромис и во убедувањето на Бугарија да ја повлече заканата со вето. Канцеларката Меркел, која на конференцијата учествуваше преку видео-врска им порача: „Берлинскиот процес е секогаш поврзан со помирување и надминување на историските  недоразбирањата и наследството од минатото, и затоа сите посакуваме тој да продолжи“, за потоа на двајцата премиери да им испрати мајчинско-учителско предупредување (Тука ФАЦ прави алузија на прекарот на Меркел- Мути (мајка) во германската јавност) „Во регионот мора да има разбирање: Помирете се! Тоа е многу важно!“. Дали овие предупредувања донесоа плод, останува нејасно“, пишува ФАЦ.

Спорот, според весникот, е многу важен за целиот регион на Југоисточна Европа.
„Во овој дел на Европа, каде историските прашања се често преценети, ваквите спорови можат да и стават крај дури и на најмалата можност за проширување на ЕУ, доколку компромисот околу историските спорови стане предуслов за почеток на преговорите. Затоа што сите ЕУ-членки од регионот (Грција, Бугарија, Романија, Унгарија и Хрватска) веќе се во конфликт за едно или друго историско прашање со земјите-кандидати. Се работи за територии, поводот и текот на војните, оценката на историските личности, постоењето или непостоењето на различни малцинства. Доколку компромисот околу вакви кавги стане услов за членство, тогаш политиката на проширување на Балканот е завршена. Тоа пак, нема да ги натажи сите во Западна Европа“, заклучува ФАЦ

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама