И Јутјуб го блокираше Трамп | Свет | DW | 13.01.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

И Јутјуб го блокираше Трамп

Видео платформата со ова им се приклучува на другите интернет концерни. Претседателот на САД во заминување најмалку седум дена нема да може да постира видеа и да емитува во живо на својот Јутјуб канал.

Веб-платформата Јутуб на компанијата Алфабет Инк соопшти дека го суспендирала каналот на американскиот претседател Доналд Трамп затоа што го прекршил правилникот за корисници, според кој е забрането да се поттикнува насилство, по минатонеделниот напад на американскиот Капитол од страна на неговите симпатизери.

Каналот на Трамп на оваа платформа сега е оневозможен за ставање на нови видео записи или стримови во живо најмалку седум дена, што може да биде продолжено, се наведува во соопштението на Јутуб, пренесува агенцијата Ројтерс.

Интернет платформите и компаниите за социјални медиуми се дистанцираат и преземаат мерки против оние кои го поттикнуваа или учествуваа во минатонеделното насилство во Вашингтон.

Повеќе:

-Само исклучување на Трамп од социјалните мрежи- нема да е доволно

-Доналд Трамп се соочува со обвинение за „поттикнување востание“

-Американската демократија го преживеа Доналд Трамп

По инцидентот, Твитер и Фејсбук ги блокираа профилите на Трамп и ја отстранија целокупната содржина која го поддржува минатонеделниот напад, додека Амазон го суспендираше Парлер, социјална мрежа која сега ја користат многу симпатизери на Трамп.

Симпатизерите на Трамп минатата среда насилно влегоа во американскиот Капитол, обидувајќи се да ја запрат потврдата во Конгресот за изборната победа на избраниот претседател Џо Бајден.Трамп кој ја оспори валидноста на победата на Бајден без изнесување докази, во почетокот ги пофали своите симпатизери, но подоцна го осуди насилството.