За Трамп, НАТО веќе не е „застарен“ | Свет | DW | 13.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

За Трамп, НАТО веќе не е „застарен“

На средбата со генералниот секретар на НАТО, американскиот претседател ја повлече својата поранешна изјава, НАТО е „тврдина на мирот и стабилноста“, рече тој.

Доналд Трамп со јасни зборови се изјасни во прилог на НАТО, најавувајќи намера за соработка со други земји заради негово зајакнување. Тој ги повлече своите поранешни изјави:„Порано реков дека НАТО е застарен, но не е веќе застарен“, изјави Трамп на прес конференцијата со генералниот секретар на Алијансата во Белата куќа. Јенс Столтенберг зборуваше за многу позитивни и продуктивни разговори со американскиот претседател, истакнувајќи ја заедничката цел во фокусот-одбраната од тероризмот и посебно улогата на НАТО во неа. Тој се заблагодари за ангажманот на САД во европската безбедност, што ќе биде централна тема и на следниот самит на Алијансата во мај во Брисел.

„Силен НАТО е во прилог на Европа, но и на САД“, истакна Столтенберг, согласувајќи се со ставовите на Трамп дека земјите-членки во иднина треба подобро да ги исполнуваат своите финансиски обврски кон Сојузот. Трамп тоа повторно го побара од сојузниците и на вчерашната прес конференција. „Ако другите земји го плаќаат својот пропорционален придонес, наместо да се потпираат на САД,сите ние ќе бидеме побезбедни, а нашето партнерство ќе биде поцврсто“.

Шефовите на држави или влади на 28-те членки на НАТО во 2014. година се договорија секоја земја-членка да издвојува најмалку два проценти од својот БДП во одбранбениот буџет. Според најновиот извештај, лани покрај САД тоа го исполниле само Грција, Естонија, Велика Британија и Полска. Германија издвојува околу 1,2 проценти за одбрана.

 

DW.COM

Реклама