Заев за Њујорк Тајмс: Француското вето ме уништи психолошки | Северна Македонија | DW | 20.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Заев за Њујорк Тајмс: Француското вето ме уништи психолошки

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за весникот Њујорк Тајмс објавено во вторникот предупредува дека запирањето на проширувањето на ЕУ може да предизвика драматични поместувања во целиот регион.

„Се кршам одвнатре“ вели Заев во разговорот за американскиот весник кој, таа изјава ја става и во насловот на текстот.
„До пред само два месеци, лидерот на малата балканска нација во Северна Македонија одеше исправено, славен од светските лидери, фален од првиот човек на ОН затоа што понуди ретка светла точка во проблематичниот светски пејзаж, а се најде и на листата на кандидати за Нобеловата награда за мир.
„Премиерот Зоран Заев ја заложи својата политичка кариера и иднината на својата земја во решавањето на тридеценискиот спор со соседна Грција за името на земјата. Со помош на макотрпна дипломатија и наспроти очекувањата, тој успеа.
Но седејќи пред неговата канцеларија во Скопје, сето тоа изгледа далечно. "
„Се кршам одвнатре", вели Заев за Њујорк Тајмс.
Весникот наведува дека се очекувало оти промената на името ќе го отвори патот за приближување на Северна Македонија кон ЕУ, но минатиот месец Франција стави вето на одлуката, барајќи реформа на процесот. Тоа, според Њујорк Тајмс, ја дестабилизирало владата во Скопје, и уште позаканувачки, тоа го пореметува статус квото во регионот каде владее нестабилен мир уште од крајот на војните во поранешна Југославија.
„Тоа ме уништи лично, психолошки“, вели Заев. Тој во разговорот вели дека е загрижен „не само за себе и за земјата“, туку и за стабилноста на целиот Западен Балкан.
„Национализмот и радикализмот можат повторно да пораснат. Постои ризик од конфликт во самите држави, но и меѓу државите“.
Запрашан зошто тогаш се одлучил на драматичен чекор да свика вонредни избори, Заев вели дека немал избор.
„Доколку не свикаме избори, национализмот ќе расте“.
„Преплашен сум“, вели Заев за Њујорк Тајмс.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама