Жестока осуда на Русија поради наводите за злосторства во Буча | Свет | DW | 04.04.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Жестока осуда на Русија поради наводите за злосторства во Буча

Од ослободениот украински град излегуваат сѐ повеќе докази за воени злосторства врз цивилното население. Русија тврди дека е жртва на местенка. Западот подготвува нова рунда санкции.

Ukraine | Massengrab in Bucha

Раце на убиен цивил од масовна гробница во Буча

Украински претставници велат дека досега биле пронајдени тела на 410 убиени цивили во и околу градот кој деновиве беше ослободен од украинските сили. Новинари на агенцијата АП тврдат дека виделе 21 тело на жртви. Една група од девет жртви, сите во цивилна облека, се пронајдени на местото каде што жителите тврдат дека се наоѓала базата на руските трупи. Сите делуваат дека се застрелани од непосредна близина. На најмалку две од жртвите, рацете им биле врзани зад грбот. 

Ukraine Massengrab in Bucha

Сателитски снимки кои укажуваат на масовна гробница во Буча

Западните и украинските претставници и претходно ја обвинуваа Русија за воени злосторства, но последните извештаи ја заострија осудата, па се слушнаа и обвинувања за геноцид.

Руското министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата. Москва порача дека фотографиите и видеата од мртвите тела „се подметнати од режимот во Киев за западните медиуми“. Министерството тврди дека „ниту еден цивил“ не бил жртва на воени акции во Буча. 

Ukraine | Leiche in einem Treppenhaus in Bucha

Безживотно тело на цивил пронајдено на скалилата во една зграда во Буча

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска (4.04) оцени дека постојат „јасни докази за воени злосторства“ во Буча. 

„Јас поддржувам нова рунда санкции особено во делот на јагленот и нафтата“, рече Макрон. 

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја опиша Русија како „тоталитарна-фашистичка држава“, додавајќи: „Крвавите масакри на руските војници го заслужуваат вистинското име: Ова е геноцид“.

Ukraine Massengrab in Bucha

Масовна гробница во Буча

Германската министерка за одбрана Кристине Ламмбрехт изјави дека извештаите за злосторствата се толку тешки, што европските претставници „ќе мораат да разговараат и за запирање на увозот на гас од Русија“. 

DW.COM