ЕУ-самит: кризни жаришта насекаде | Свет | DW | 01.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

ЕУ-самит: кризни жаришта насекаде

Лидерите на ЕУ се загрижени за надворешната политика, оти „гори“ на повеќе места на работ од Европа: во источниот Медитеран, во Либија, Турција, Нагорно-Карабах и Белорусија. Најголемиот проблем притоа е едногласноста.

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел се врати од корона-карантин и во поканата до челниците на Унијата за самитот кој беше одложен за една недела напиша: станува збор за местото на Европа во светот и како „можеме да си ја обликуваме сопствената судбина“. ЕУ веќе подолго време се обидува да ги намали своите стратешки зависности, особено од Кина. Всушност во фокусот на средбата се пред се управувањето со кризи и надворешната политика.

Турција: сите опции се на маса, па и санкции

Тензиите со Турција пред неколку недели се чинеше дека се до точка на вриење: грчки и француски воени бродови се стационираа наспроти турските фрегати спремни за пукање, а набљудувачите зборуваа за опасност од војна. Турција, одеднаш спорот околу правата за ископување на гас и нафта од источниот Медитеран го претвори во агресивна форма со пробно бушење во спорните области. Атина и Париз побараа санкции за Анкара, ситуацијата стана експлозивна.

Станува збор за историски меѓународни договори според кои Грција речиси има исклучително право на економскиот простор околу бројни острови во регионот. Во меѓувреме, меѓу другото и со посредство на германската влада, ситуацијата се потсмири, а и грчката и турската страна изјавија дека се подготвени на преговори.

Повеќе:

-ЕУ подготвува санкции против Турција поради спорот во Средоземно Море

-Судирот помеѓу Грција и Турција не е нерешлив

Кипар се смета за најголема колатерална штета: претседателот Реџеп Таип Ердоган буши во потрага по гас пред брегот на меѓународно непризнатиот Северен Кипар. На владата во Никозија пак и недостасува солидарност од ЕУ поради што за возврат ги блокира санкциите против режимот во Белорусија, со цел да издејствува казна за Турција.

„Дипломатски на дистанца“

Се уште е нејасно како останатите ЕУ земји ќе ги натераат Кипарците да попуштат. Но европските дипломати се надеваат на решение. Тие потврдуваат дека на маса се сите опции против Анкара. Меѓутоа санкции се помалку веројатна опција. Иако турското вмешување го разгорува и најновиот проблематичен регион - воениот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан за Нагорно Карабах. И овде ЕУ се залага за смирување на тензиите и бара преговори.

Повеќе:

-Малку војна околу Нагорно-Карабах добро им доаѓа на сите

Преку бегалската криза, Турција веќе тестираше, колку може да го падне на колена строгото надворешно политичко однесување на ЕУ, пишува поранешниот ЕУ- амбасадор во Турција, Марк Пиерини за Карнеги Европа. ЕУ мора да се придржува до своите принципи, а воениот надзор да го остави под капата на НАТО и да држи дипломатска дистанца. Бидејќи претседателот Ердоган со својот постојан курс на конфронтации сега е меѓународно изолиран, можеби ќе ги увиди придобивките од компромисите.

Тешки партнери

На дневниот ред е и дебатата на 27-те за најновите разговори на челниците на ЕУ со кинескиот претседател Ши. Иако Германија се уште формално се држи до целта за инвестициски договор до крајот на годината, се чини шансите за тоа се мали. ЕУ погласно и појасно од до сега изрази критики за повредата на човековите права во Кина, Пекинг реагираше луто.

Сакаме пред се ред партнерски однос кој ќе почива на реципроцитет нагласи уште еднаш пред самитот и Шарл Мишел. Тоа што кинеската страна бара права во ЕУ кои не им ги одобрува на европските компании, резултира во се поголема вознемиреност во Европа. Се чини климата и разговорот на онлајн конференцијата со Пекинг беше студена. Исто така ЕУ е далеку од едногласна по ова прашање, на што неодамна повика и канцеларката. Германија има посебно тесни економски врски со Кина, а Унгарија и Грција се натпреваруваат за кинески инвестиции.

Во редот на тешки партнери се вклучува и Русија: шефовите на држави и влади планираат заедничка изјава во однос на нападот со отров врз критичарот на режимот, Алексеј Навални. При тоа некои од земјите членки веројатно повторно ќе побараат од Германија замрзнување на проектот Северен Тек 2 со цел Москва да се казни економски за употреба на забранетиот борбен отров Новичок.

Исправени пред тешки задачи

Во дебатата за ситуацијата во Белорусија, ЕУ ќе продолжи со пристапот на балансирање: сака да ги поддржи демонстрантите, но од друга страна сака да избегне мешање во политиката на земјата. При тоа Европејците се свесни дека немаат многу конкретни опции со кои би извршиле притисок врз Александар Лукашенко, кој е се уште на власт. Напротив: премногу смели реакции би можеле уште да му ја зајакнат моќта, бидејќи во таков случај Москва би се почуствувала провоцирана.

Повеќе:

-Зошто Белорусите ги носат своите деца на протестите против Лукашенко?

-Белорусија: Лукашенко тајно положил претседателска заклетва

Ова ќе биде долга и макотрпна ноќ за шефовите на држави и влади, кои се исправени пред тешки задачи во однос на надворешната политика, а сепак се свесни дека се очекуваат малку видливи резултати. Нивната немоќ пред постојаното барање на едногласност најдраматично излезе на виделина преку малата земја членка Кипар. За инволвираните, но и набљудувачите, блокадата на санкции за Белорусија е посебен срам. И на крај една фуснота за Брегзит: земјите членки ќе разговараат и за напредокот, или неговиот недостаток, во преговорите со Велика Британија за трговскиот договор. Но, во истовреме се и ладни и смирени: првите одлуки за ова нема да бидат донесени до следниот самит за две недели.