1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Белорусија: Лукашенко тајно положил претседателска заклетва

ЖА / агенции
23 септември 2020

Александар Лукашенко се обидува со сите сили да остане на власт. Наспроти повеќенеделните протести, дал свечена заклетва за нов мандат на претседателската функција.

https://p.dw.com/p/3itC0
Belarus Vereidigung Präsident Lukaschenko - Alternativzuschnitt
Фотографија: Andrei Stasevich/BelTA/Reuters

Оспоруваниот претседател на Белорусија Александар Лукашенко положил заклетва за по шести пат да остане на челната позиција во државата. 66-годишниот Лукашенко денеска утрото неочекувано бил инаугуриран, медиумите од Минск објавија фотографија на која ја положува десната рака на уставот и ја изрекува претседателската заклетва. Церемонијата била држена во тајност заради, како што се претпоставува, да се избегне провоцирање нови демонстрации, со оглед што неговата официјално прогласена победа на изборите на 9 август се смета за нерегуларна и против неа со недели се одржуваат протести.

Белорусија: 10 дена во притвор за една песна

Пред инаугурирањето, пратеникот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел јасно му го одрече правото на Александар Лукашенко на претседателски мандат. Станува збор на „псевдо-инаугурација", критикуваше Борел во свој блог, „Лукашенко загуби секаков легитимитет."

Повеќе:

На опозицијата во Белорусија и треба план

Марија Колесникова: Со насмевка против Лукашенко

Белоруси во егзил: „Политички нема веќе назад“

Белорусија: Како функционира пропагандата на Лукашенко?

Според белорускиот устав, преземањето на претседателската функција треба да уследи најдоцна два месеци по претседателските избори, значи најдоцна до 9 октомври. Но, досега не беше соопштен термин за инаугурација.

Европската унија не ги признава резултатите од претседателските избори од 9 август, поддржувајќи го демократското движење на чело со поранешната претседателска кандидатка Светлана Тихановскаја. Лукашенко, според конечните објавени резултати освоил 80,1 процент од гласовите и се прогласи за повторен победник по 26 години поминати на власт. Русија му го честиташе изборот.

Но, од изборната ноќ наваму, во Белорусија се одржуваат непрекинато историски масовни протести против Лукашенко, демократското движење бара негова оставка и одржување нови избори без негово учество. Властодржецот ги отфрли барањата за оставка, а полицијата против демонстрантите применува брутална сила.