ЕУ повторно ќе ја стави С. Македонија на „црната листа“ за патување | Северна Македонија | DW | 27.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

ЕУ повторно ќе ја стави С. Македонија на „црната листа“ за патување

Европската унија во петокот презеде чекори за враќање на патните ограничувања поради пандемијата на ковид за САД и уште пет други држави. Меѓу нив е и С. Македонија.

Растот на бројот на новозаразени со коронавирус последниве недели ја враќа С. Македонија на „црната листа“ за патување во ЕУ. Веста за агенцијата Ројтерс ја потврдиле двајца дипломати на Унијата. 

Меѓу земјите за кои ќе се вратат ограничувањата се и САД, Косово, Израел, Црна Гора и Либан. 
Процедурата за одлуката започнала денеска, а се очекува да биде потврдена во понеделник доколку ниту една земја-членка на ЕУ не ја блокира. 

Ткн. „листа на безбедни земји“ на која се најде и С. Македонија беше усвоена од ЕУ на 15 јули годинава и на неа се најдоа 23 држави. 

Повторно ограничувања за македонските граѓани

Критериумите според кои се одредува дали граѓаните на некоја земја ќе можат туристички да патуваат во ЕУ ја опфаќаат актуелната епидемиолошка состојба и генералното справување со Ковид-19, како и квалитетот на информациите и изворите на податоци. Дополнително, како во случајот на САД, фактор е и реципроцитетот, имајќи предвид дека жителите на ЕУ се уште не можат да патуваат на другата страна на Атлантикот. 

Deutschland Passkontrolle am Hamburger Flughafen

Македонските граѓани повторно ќе се соочуваат со ограничувања при патување во ЕУ

За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочуваат со големи ограничувања при туристички, односно ткн. не-есенцијални патувања во ЕУ. Некои земји можат целосно тоа да го забранат, а некои можат да наложат обврзувачки карантин при пристигнувањето. 

DW.COM

Поврзана содржина