1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Litauen Vilnius Landung entführte Ryanair Machine
Фотографија: Mindaugas Kulbis/AP Photo/picture alliance

Гангстерите во Белорусија и правилата на светскиот поредок

Барбара Везел
27 мај 2021

Европските политичари не останаа куси на зборови во однос на присилното приземјување на авионот во Белорусија. А, по зборовите следеа и дела. Но, работата не е завршена, смета Барбара Везел.

https://www.dw.com/mk/%D0%B5%D1%83-%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BB%D1%83%D0%BA%D0%B0%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%BE-%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%87-%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D0%BD-%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%80/a-57679407

Реакцијата на врвни европски политичари на чинот на политичко гангстерство во Белорусија беше силна и од срце: со шок и презир се коментира прекршувањето на правилата од страна на „државниот терорист” во претседателската палата во Минск. Александар Лукашенко изгледа сака да постави ново скалило. Невообичаено обединети, шефовите на држави и влади на ЕУ решија да го прекинат авионскиот сообраќај од и до Белорусија со што ја погодуваат елитата во која спаѓаат многу поддржувачи на Лукашенко. Покрај тоа, ќе има и нови санкциипротив физички и правни лица. Дури и Виктор Орбан се најде присилен да биде дел од заедничките мерки.

Досегашните санкции без ефект

Многу нешта зависат од тоа колку ќе бидат ефикасни санкциите. Мерките по насилното сузбивање на масовните протести зимоска беа без ефект. На ЕУ ѝ се потребни подобри идеи од забрана за патување и блокади на банкарски сметки на соработници во владата на Лукашенко. Опозицијата бара забрана за експорт на нафта и други суровини, кои се најважен извор на приходи за режимот. Европа треба да соработува со САД за да ги стопира големите владини компании на Лукашенко. Санкции насочени против олигарси верни на режимот се тешко изводливи поради регулативата во ЕУ, но сепак може и тука да има простор за креативност.

Barbara Wesel Kommentarbild App *PROVISORISCH*
Барбара Везел

Диктаторот во Минск со присилното слетување на авионот и последователното апсење на противник на режимот покажа колку далеку може да отиде една влада ако на меѓународен план нема што да изгуби. Белорусија е џуџе на светската сцена. Но, постои опасност дека поголеми земји заинтересирано го следат случувањето и можните последици за да си извлечат соодветни заклучоци.

Опасен преседан на државен тероризам

Случајот едноставно кани да биде повторен. Автократи може да се почувствуваат охрабрени да гипрогонуваат противницитесо сите средства и насекаде во светот, без разлика каде се наоѓаат. Ким одамна ги шпионира и им се заканува на критичарите и во странство, Путин и преку своите граници се служи со гас или огнено оружје за да ги елиминира противниците и опозиционерите.

Фаталното е што САД со својата „војна против тероризмот" покажаа како моќни држави и надвор од своите граници може да стават под своја контрола вистински или осомничени противници.

Гревот на меѓународниот правен поредок беше праксата на испраќање осомничени терористи или криминалци на распит во земји каде има полабави правила за почитување на човековите права. Белорусија го стави Роман Протасевич на листата на терористи. Во диктатури таквите листи се полни со лица кои Западот ги гледа како борци за слобода. 

Борба против меѓународното беззаконие

И покрај таквите приказни од претходно, Александар Лукашенко со апсењето од редовна линија на Рајанер, при што и другите патници и екипажот беа загрозени, надминува политичка црвена линија. Ако меѓународната заедница не успее со сета сила да го врати во колосек, на крај никој нема да биде сигурен од убиство и киднапирање. Ниту во егзил веќе човек нема да има шанса да се спаси од прогонот. 

Кога дипломати зборуваат за „свет базиран на правила” често се чини како да се празни зборови и политички заговарања на нејасна идеја. Но, токму тие правила се основата за нашето заемно битисување. Само тие нѐ штитат од методите на дивиот запад во политиката и враќање во варварството. Европа има најмногу да изгуби и најдоцна сега треба да стори сѐ во нејзина моќ за да спречи меѓународно беззаконие.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Енергетската криза во фокусот на македонската политика

Мицкоски: И јавните претпријатија на регулираниот пазар

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница