1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Цените на горивата достигнуваат рекордни цени на бензинските пумпи ширум Европа
Цените на горивата достигнуваат рекордни цени на бензинските пумпи ширум ЕвропаФотографија: Eric Gaillard/REUTERS

Како ЕУ ќе се справи со ценовниот шок и рецесијата

Бернд Ригерт
19 март 2022

По пандемијата, сега војната во Украина ги задушува надежите за економско опоравување. Како да се постапи против драматичниот раст на цените и инфласијата? ЕУ бара решенија.

https://p.dw.com/p/48YfG

Три недели по почетокот на руската агресорска војна во Украина, министрите за финансии на ЕУ се сретнаа во Брисел да разговараат за тоа како да се носат со последиците од војната и со последиците од заострените санкции против Русија.

Резултатот е општо чекање. „Потребен ни е силен, заеднички одговор“, рече европскиот комесар за економија Паоло Џентилони. Тој остави отворено како би требало да изгледа овој силен одговор за економијата и за фискалната политика во еврозоната.

Единствено што е јасно е дека ЕУ во наредната година нема да се врати на умерена политика на долгот и на правилата од Пактот за стабилност и раст - како што беше планирано. Правилата за новиот и вкупен долг веќе се суспендирани поради пандемијата со коронавирусот.

Комесарот Џентилони наведе дека долговите на земјите со заедничка валута евро веќе речиси е 100 отсто од економското постигнување. А, тоа е историски максимум - не земајќи ги предвид последиците од војната.

Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони: ЕУ доживува нов шок. По пандемијата сега од војната во Украина
Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони: ЕУ доживува нов шокФотографија: Johanna Geron/dpa/Reuters/AP/picture alliance

Многу неизвесности

Шефот на Еврогрупата, ирскиот министер за финансии Паскал Донахју, очекува оти цената на војната ќе се почувствува ширум Европа. Секако, тоа не може да се спореди со човечките страдања во Украина. „Ние всушност во оваа нова криза почнавме многу силно“, вели тој, нагласувајќи дека економскиот раст по пандемијата повторно порасна - со поддршка од фондот за опоравување на ЕУ. Тоа требаше да се искористи и да се излезе од натрупаниот долг.

Но, ништо од тоа. Бидејќи, поради руската агресорска војна оваа пресметка веќе не функционира.

„Војната ќе има сериозни последици бидејќи ќе растат цените на стока и на суровини, бидејќи ќе расте инфлацијата. Станува збор за буџетски политики кои некои земји членки ќе мораат да ги усвојат за да се изборат со цените на енергенсите и со бегалската криза“, предупреди Џентилони. „Мораме да бидеме подготвени во овие неизвесни времиња да ги одржиме координирани и агилни нашите политики, што значи дека мораме постојано да се прилагодуваме.“

Прогнози се невозможни - можеби дури во мај

Во моментов никој не може да направи сериозни прогнози за економскиот развој за оваа година. Тоа во голема мера зависи од траењето на војната, вели Џентилони. Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер, е внимателен оптимист и верува оти раст и натаму е можен.

Внимателен оптимист: Министерот за финансии на Германија, Кристијан Линднер
Внимателен оптимист: Министерот за финансии на Германија, Кристијан ЛинднерФотографија: ERIC PIERMONT/AFP/Getty Images

Меѓутоа Европската централна банка во својата анализа за годинава смета на стагнација, односно на комбинација од нулта раст и со прекумерна девалвација или инфлација на валутата.

Повеќе: Мерки против високите цени на горивата: Попуст на каса за германските потрошувачи?

Џентилони најави дека Комисијата на ЕУ нема да може да изнесе сигурна прогноза до мај.

Некои земји во ЕУ сакаат да се спротивстават на социјалните последици од експлодирачките цени на гас, нафта и на електрична енергија со намалување на данокот или со попусти на бензинските пумпи, како што Франција и Германија сега очигледно планираат да го сторат тоа.

„Двете земји сметаат дека мораме да организираме брза, целна, привремена поддршка за економијата и за населението. Се работи за ублажување на негативните ефекти“, рече министерот за финансии Линднер.

Тој стави акцент на „краткорочно“, бидејќи попустите на бензинот и субвенциите за греење се скапи за државната каса.

Според експертите во ЕУ, државата не може долгорочно да ги субвенционира трошоците за енергија. Цените на енергенсите, кои веќе експресно пораснаа пред избивањето на војната, во моментов се засновани на очекувањата на пазарите за работите да можат да се влошат. Сѐ уште нема вистински физички недостиг на нафта или гас на светските пазари, бидејќи Русија продолжува да снабдува, а најголемиот купувач, односно  ЕУ, нема да воведе ембарго за испораките од Русија. Ова беше потврдено на последниот самит на ЕУ во Версај.

Нови „идеи“, но без фонд за последиците од војната

Министрите за финансии на ЕУ сега разгледуваат како би се реструктуирало формирањето на цените на енергија и на струја. Поврзување на цените на струјата со цените за гас, на пример, сега на многумина им изгледаат застарено.

Италија и Франција водат кампања за основање на нов фонд за ЕУ за последиците од војната, кој би требало да функционира на сличен начин како и фондот за опоравување по корона-кризата. За првпат во историјата на ЕУ, овој фонд за опоравување е финансиран со заеднички долг и опфаќа до 750 милијарди евра.

Освен енергенсите, поради војната во Украина се очекува драстичен пораст и на цените на житото, со оглед дека земјата е еден од најголемите европски производители
Освен енергенсите, поради војната во Украина се очекува драстичен пораст и на цените на житото, со оглед дека земјата е еден од најголемите европски производителиФотографија: Valentin Sprinchak/dpa/TASS/picture alliance

Меѓутоа, Германија, Холандија, Австрија и другите земји одбиваат нов фонд кој се финансира со долг. Пред сѐ треба да се вложат пари кои се наоѓаат во фондот за корона и во редовниот буџет на ЕУ, наведуваат од германското Министерство за финансии.

На самитот во Версај, поголемиот дел од земјите од ЕУ ја отфрлија италијанско-француската иницијатива. Одлучено е да се развие само нов „инвестициски модел“ за заштита на климата и за трошоците за одбрана.

Според зборовите на шефот на Еврогрупата, Паскал Донахју, ќе се разговара за нови „идеи“ за финансирање на воени и на одбранбени трошоци.

Само една работа денес е јасна, вели комесарот Џентилони: „Нема да има враќање на нормалните правила“.

ЕУ треба комплетно да се реорганизира

Жан Пизани-Фери, економист во бриселскиот економски истражувачки центар Бригел, во една своја анализа ја прави следната пресметка:

Земјите од ЕУ само оваа година би требало да потрошат 50 милијарди евра за да го ублажат шокот од цените на енергијата, суровините и храната. Дополнително, треба да се додадат 75 милијарди евра за трошоците за откажување од руските енергетски испораки. Уште 30 милијарди - за помош на бегалците и хуманитарна помош. Тој смета на најмалку дополнителни 20 милијарди евра за зголемените трошоци за одбраната.

ЕУ мора да се збогува со надежите за економско закрепнување по пандемијата на коровирусот, вели Жан Пизани-Фери.

„Долгорочно, ЕУ треба да го реорганизира целиот политички систем, буџетската политика, макроекономските цели, пазарните регулативи и поделбата на задачите меѓу ЕУ и земјите-членки“.

 

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија
Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ

Мицкоски: Европските вредности се неспорни за ВМРО-ДПМНЕ

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница