1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДУИ коалициски партнер на ВМРО ДПМНЕ во новата влада

Александар Чомовски 5 јули 2008

ВМРО ДПМНЕ и Демократската унија за интеграција се новите коалициски партнери во владата на Македонија. Од партиски извори се вели дека е постигната согласност за клучните прашања.

https://p.dw.com/p/EWmT
Никола Груевски ќе коалицира со Али АхметиФотографија: AP

Мандатарот Никола Груевски во формирањето на својот иден кабинет се определи за Али Ахмети и ДУИ како нови коалициски партнери од албанскиот електорат во Македонија. По решавачката рунда преговори Груевски и Ахмети синоќа побарале и добија поддршка од своите партиски врвови за владината соработка и министерските места. ДУИ најверојатно ќе раководи со ресорите, економија, труд и социјала, здрваство, локална самоуправа и екологија и ќе има и вицепремиер. За ВМРО ДПМНЕ осатануваат решавачките и влијателни сектори, дипломатија, одбрана, финасии, полиција.

Од партиски извори се дознава дека Груевски и Ахмети постигнале согласност и околу двете клучни разлики, решавањето на спорот со Грција не смее да биде на штета на македонскиот идентитет и второ, за нереалзираните обврски од мајскиот договор ќе се бараат законски решенија што нема да бидат спротивни на Уставот и Охридскиот договор, притоа клучно прашање е обемот за официјализирање на албанскиот јазик.

Со новата владина коалиција, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ имаат обезбедено двотретинско мнозинство и ефикасна примена на Бадентеровото мнозинство за законите со етнички и национален предзнак.