Драма во САД: Трамп објави победа и побара да запре броењето на гласовите | Свет | DW | 04.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Драма во САД: Трамп објави победа и побара да запре броењето на гласовите

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција прогласи победа на изборите, иако во повеќе сојузни држави се уште се бројат гласовите. Клучните држави се уште неизвесни, а Трамп обвинува за кражба.

„Резултатите се извонредни и подготвени сме да излеземе и да прославуваме. Граѓаните излегоа во рекордни бројки“, порача Трамп пред своите симпатизери во Белата Куќа каде ги следи изборните резултати со околу 250 гости. 

Следете ги во живо резултатите од изборите: 
 

Трамп прогласи победа и во неколку држави каде се уште се бројат гласовите и каде исходот се уште важи за неизвесен. Притоа, ги обвини демократите дека се обидуваат да ги лажираат изборите преку инсистирање на задоцнето гласање и броење на гласачките ливчиња стигнати по пошта.

„Знаеја дека ќе изгубат и затоа сега ќе одат по судови. Веќе го најавив ова“, рече Трамп најавувајќи дека и тој ќе се жали пред Врховниот суд за да „го запре гласањето“. 

-повеќе на темата: Што ако нема јасен победник на изборите во САД? 

Најмалку три клучни држави: Мичиген, Висконсин и Пенсилванија се уште ги пребројуваат гласовите. Според актуелните резултати Трамп е во убедливо водство во сите три, но таму не е започнато пребројувањето на гласачките ливчиња кои стигнаа по пошта, а во кои, се претпоставува, мнозинството граѓани гласале за демократот Џо Бајден.

Бајден претходно изјави дека е сигурен во победа на изборите, но побара од своите поддржувачи „трпение“ до објавувањето на конечните резултати.

Како што стојат во моментов работите, на Бајден ќе му биде доволна победа во тие три држави за да стане нов претседател и обратно, на Трамп да остане во Белата Куќа. Со оглед на проектираната победа на Бајден во Аризона, нему ќе му биде доволна победа и во две од трите споменати држави.

US Wahl 2020 Joe Biden

Бајден им порача на своите симпатизери да останат трпеливи и да ги чекаат конечните резултати

Конкретно во Пенсилванија, од околу 4,5 милиони досега пребројани гласови, само 750.000 се ткн. гласови на отсутни гласачи, или само 17%. Според проценките, над 2,4 милиони гласачки ливчиња во таа држава биле испратени по пошта. Од нив, 1,6 милиони биле на регистрирани демократи, а околу 550,000 на републиканци. Според актуелните проценки, Трамп во моментов води со нешто над 600,000 гласови предност во Пенсилванија. Слична е состојбата и во Мичиген и Џорџија.

Американските медиуми засега предвидуваат победа за актуелниот претседател во 22 држави, вклучително и клучните како Флорида, Индијана, Кентаки, Мисури, Охајо и Тенеси- сите држави во кои победи и во 2016 година.

Бајден досега освоил 18 држави, меѓу нив неговата матична Делавер и големите како Калифорнија и Њујорк, како и главниот град Вашингтон. Слично како и Трамп, сите држави во кои досега е проектирана победа на Бајден беа освоени од Хилари Клинтон во 2016.

DW.COM

Реклама