Дишењето убива | Македонија | DW | 05.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дишењето убива

Кога зимата ќе пристигне во Западниот Балкан, градовите се обвиени од смог, тешко се дише, а видливоста е едвај неколку метри. Но годинава, степенот на загаденост е највисок во светски рамки, а јавниот бес расте.

Во последниве неколку денови главните градови на БиХ, Македонија и Косово беа на врвот на светските листи на најзагадени градови. Смогот се интензивираше поради густиот сообраќај, масовното користење јаглен, лошото просторно планирање и греењето на дрва.

Во вторникот индексот на квалитетот на воздухот во Сараево достигна 383, што е најмалку 10 пати повисоко од просекот. Во Приштина беше регистриран индекс од 415. Слично беше и во Скопје и во други македонски градови.

Според Светската здравствена организација (СЗО), загадувањето ја чини БиХ околу една петтина од нејзиниот годишен БДП - или околу 3,9 милијарди долари - во загубени работни часови и школски денови, здравствена заштита и трошоци за гориво.

Македонија губи околу 3,2 проценти од својот годишен БДП поради загадувањето, или во бројки околу 360 милиони долари годишно.

Според СЗО, 230 босански државјани на секои 100.000 умираат годишно од загадување, во споредба со 0,4 во Шведска. Светската банка проценува дека околу 1.350 Македонци умираат годишно како последица на загадувањето на воздухот.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама