Гумените бонбони на Харибо ќе се произведуваат во САД | Економија | DW | 24.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Гумените бонбони на Харибо ќе се произведуваат во САД

Германските гумени бонбони ќе доаѓаат од САД. Производителот Харибо ќе гради фабрика во Кеноша, Висконсин.

Харибо „Made in USA" - тоа ќе му се допадне на Доналд Трамп. Светски познатиот производител на гумени бонбони Харибо во САД ќе гради една од најголемите фабрики за слатки во светот. Златните мечиња и другите производи наскоро ќе се произведуваат во Висконсин. Инвестиција од 240 милиони евра и 400 нови работни места.

Семејното претпријатие од Бон почна од почеток по Втората светска војна. Врз урнатините од фабриката за бонбони се изгради светски бренд. Во моментов, Харибо ширум светот вработува околу 7000 луѓе, а дневно произведува околу 100 милиони гумени бонбони.

Гледај видео 00:50

Харибо „Made in USA"

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама