Груевски тврди дека избегал во Унгарија | Северна Македонија | DW | 13.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Груевски тврди дека избегал во Унгарија

Поранешниот премиер попладнево се јави преку својот Фејсбук профил со тврдење дека избегал во Будимпешта, каде бара политички азил од унгарските власти

Никола Груевски тврди дека се наоѓа во Будимпешта и таму бара азил од властите. На Фејсбук страницата на експремиерот попладнево се појави статус, за кој сѐ уште нема официјална потврда дека го напишал лично Груевски, оти тој успеал да ја напушти земјата.

„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.

Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти“, пишува на Фејсбук-страницата на Груевски.

Кусата порака од три реченици завршува со ветување од Груевски дека „секогаш ќе остане верен на каузата на Македонија“.

„Никогаш нема да отстапам“.

Груевски беше правосилно осуден на двегодишна затворска казна во случајот „Тенк“ за набавката на луксузен Мерцедес вреден 570 илјади евра. Од вчера македонската полиција го бара со потерница затоа што тој не се јави на издржување на затворската казна.

Груевски, кој беше премиер од 2006 до 2016 година, е обвинет и во уште четири други случаи кои ги води Специјалното јавно обвинителство.

DW.COM

Реклама