Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ на слобода, но без пасоши | Македонија | DW | 03.07.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ на слобода, но без пасоши

Основниот суд во Скопје ги одби барањата на СЈО за одредување мерка притвор за водечките функционери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Одредена мерка претпазливост и одземање на пасошите

Експремиерот Никола Груевски и други водечки функционери на ВМРО-ДПМНЕ остануваат на слобода, одлучи кривичниот совет на Основниот суд во Скопје, но нема да можат да ја напуштаат државата. Груевски, ексминистрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, како и партиските функционери Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски се дел од обвинетите во случајот „Титаник“ за сторени кривични дела против изборите и гласањето. 
Овој предмет на СЈО беше последниот за кој одлучуваше судот во Скопје. Од вкупно 17 предмети на СЈО со 94 обвинети лица, за кои одлучуваше судот, не беше прифатено ниту едно барање за одредување мерка притвор, но беа изречени повеќе мерки на претпазливост. 
Без пасоши останаа поранешните министри Елизабета Канческа-Милевска и Владимир Пешевски, како и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков. 
Како што денеска потврдија собраниските служби, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски веќе самиот побарал повлекување на неговиот пратенички имунитет, иако, таквото барање го испратил на погрешна адреса. 

DW.COM

Реклама