1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Deutschland Frau mit Mundschutz arbeitet auf der Messe Ambiente
Фотографија: Imago Images/rheinmainfoto
Здравје

Секој граѓанин да придонесе против ширење на коронавирусот

ЖА / агенции
9 март 2020

Повеќе од 1100 лица во Германија се инфицирани со коронавирус. Министерот за здравство Јенс Шпан апелира и фудбалски натпревари да се играат без присуство на гледачи како мерка против ширење на инфекцијата. .

https://p.dw.com/p/3Z65w

Германскиот сојузен министер за здравство Јенс Шпан ги повика сите граѓани да дадат свој придонес за успорување на ширењето на коронавирусот. Целта е забавување на динамиката, изјави министерот денеска во Берлин: „Мораме да го успориме ширењето на вирусот, за нашиот здравствен систем да остане и натаму функционален. За тоа е потребна поддршка од цело општество. Потребен ни е секој одделен граѓанин“, истакна Шпан. Притоа, однесувањето би било слично како и при настинка и грип. „Потребно е да го правиме она што би го правеле во секојдневието заради заштита од настинка или грип“, потенцира министерот. Секој треба да процени и да донесе одлука за себе од што полесно, а од што потешко би се откажал. 

Belgien | Jens Spahn bei einem Treffen der EU Gesundheitsminister in Bruessel (EPSCO)
Министерот за здравство Јенс Шпан апелира на одговорен однос на граѓанитеФотографија: imago images/photothek/T. Koehler

Јенс Шпан повторно апелираше за откажување на масовни манифестации, вклучувајќи ги и спортските:

„Ги охрабрувам изричито одговорните засега да ги откажат манифестациите со повеќе од 1000 посетители или учесници. Сигурно е полесно да се воздржиме од одење на концерт, фудбалски натпревар, отколку од секојдневното одење на работа,“ изјави Шпан.

И проф. Д-р Лотар Вилер, директор на Институтот Роберт Кох, пледираше за откажување на масовни јавни манифестации, иако одлуката за тоа и натаму останува кај локалните здравствени власти.

Во светот во меѓувреме е потврдена инфекција со Ковид-19 кај преку 100.000 луѓе, иако црните бројки сигурно се многу повисоки. Во Германија бројот на инфицираните со коронавирус се искачи на над 1100.

Повеќе:

Ќе стигне ли вакцината против коронавирусот навреме?

Дали е коронавирусот многу подолго заразен?

Коронавирус - пандемијата доаѓа, преземете одговорност!

Засега не постои вакцина или специјална терапија против вирусот Ковид -19. Најголем дел од заразените имаат лесни симптоми типични за настинка, како чувство на студ и грлоболка, кои исчезнуваат за неколку дена, или пак немаат воопшто никакви симптоми. Околу 15 од 100 инфицирани имаат компликуван тек на болеста, засегнати се првенствено постари луѓе или оние кои имаат претходни заболувања.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Парламент Северна Македонија

Нема договор за други интервенции во Уставот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница