Меркел: Вакцинацијата ќе биде потребна со години | Информации и анализи за Германија | DW | 01.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Меркел: Вакцинацијата ќе биде потребна со години

Вакцинацијата за спречување на ширењето на коронавирусот ќе биде потребна со години во иднина, смета германската канцеларка Ангела Меркел.

„Веројатно ќе мораме да се вакцинираме уште долги години“, соопшти Меркел по вечерашниот состанок со премиерите на германските покраини и медицински експерти за пандемијата.
„Ситуацијата е слична со онаа за вакцината за грип, каде мора да се ревакцинирате против новите мутации секоја година“, вели германската канцеларка.
„Доколку овој вирус продолжи да се менува, тогаш имаме друг проблем“, дополни таа, објаснувајќи дека доколку вакцината не функционира против некоја нова мутација „тогаш почнуваме се одново“. 

-повеќе на темата:  Кога Ангела Меркел ќе „излезе од кожа“

Таа го бранеше бавното вакцинирање во европските земји и побара разбирање од јавноста. Причините што во Европа процесот оди далеку побавно од Велика Британија или САД се во помалите производствени капацитети на стариот континент во однос на САД, потребата да се преговара со производителите околу одговорноста, но и одбивањето вакцините да се одобрат во итна постапка.
„Со добра причина: Тука се работи за доверба“, вели Меркел алудирајќи на потребата да се уверат граѓаните во безбедноста на вакцината.

Меркел уште еднаш им гарантираше на сите германските граѓани дека ќе имаат можност да се вакцинираат до крајот на летото.

DW.COM