1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Украински војник на фронтот кај Киев
Украински војник на фронтот кај КиевФотографија: GENYA SAVILOV/AFP
Конфликти

„Во први борбени редови“ – како доброволците го бранат Киев

Јанош Делкер
28 март 2022

Од почетокот на руската војна против Украина, стотици илјади доброволци земаа оружје в рака. Велат дека така сакаат да си ја одбранат слободата. Многу од доброволците се распоредени во Киев и околината.

https://p.dw.com/p/497Ys

Речиси веднаш по првиот воздушен напад од Русија и првите бомби врз Украина на 24 февруари, огромен број Украинци се пријавија доброволно во армијата. За само неколку дена беше завршена мобилизацијата на оние кои први беа на ред. Истовремено во градовите се формирани посебни единици за територијална одбрана. Дури и мажи и жени кои немаат никаква борбено искуство, ниту основна воена обука, сакаа да земат оружје в рака.

Од продавач на мебел до ракувач на минофрлач

35-годишниот војник, дел од една бригада за територијална одбрана на Киев кој себе си се нарекува „Торнадо“ и сака да остане анонимен од безбедносни причини, во 2014 година се преселил од Луганск во Киев, уште пред да започнат борбите во Донбас. Во украинскиот главен град имал успешен бизнис со мебел. Но, кога на 24 февруари врз Киев паднаа првите бомби од руските трупи, тој веднаш се пријавил како доброволец во територијалната одбрана.

Доброволецот „Торнадо“ во ров на киевскиот фронт
Доброволецот „Торнадо“ во ров на киевскиот фронтФотографија: Privat

„Лут сум бидејќи таму некои си вонземјани сакаат да ме поробат. Јас не сум роб, туку сум слободен човек! Немав друг избор освен да натрупам храна за сопругата, синот и домашните миленици и да фатам митралез в рака за да го уништиме непријателот,“ вели тој.

На местото каде што е распореден, искусните борци го научиле како да пука. „На почетокот беше хаотично, моравме и дење и ноќе да бидеме надвор и спиевме на бетон. Мажите со борбено искуство споделуваа конзервирана храна со неискусни како мене. Нѐ научија како да пукаме, да копаме ровови и да се поставиме за одбрана”, вели Торнадо. Поради константниот студ, кожата на лицето и телото почнала да му се лупи. Рацете му се особено испукани и сѐуште не му се зараснати раните. Проблем е и што нема услови за одржување хигиена.

Седум мажи од групата не можеле да издржат и ја напуштиле единицата за територијална одбрана. Но Торнадо останал. Во моментов чува еден „стратешки објект“ и таму спие во затворена просторија, на топло. Храна добива од другите борци и доброволци. „Украинската армија ни даде само вреќи за спиење и термо-долна облека. Сето тоа е со одличен квалитет. Но дури на 3 март можевме целосно да се облечеме во воена униформа. Претходно се движевме како цивили. Сега имаме и лекар, многу лекови, залихи на чорапи и други работи. Но, сѐ уште немаме тактички очила, ракавици, панцири и шлемови”, вели Торнадо.

81-годишниот учител Пјотр во одбрана на Украина

Доброволно во територијална одбрана

40-годишниот Олександр Колот пред избувнувањето на војната беше ангажиран за ИТ компанија. Утрото на 24 февруари се го разбудиле експлозии и тој уште истиот ден отишол да се пријави како доброволец, но таму не работеле. Од насобраните мажи слушнал дека се очекува оти руските сили ќе де пробијат во населбата Оболон во Киев. Чул и дека властите им делат оружје на луѓето на улица. Но, за него веќе немало. Кога видел цивили кои прават барикади им се придружил. Цела ноќ копал ровови, потоа останал со нив и така станал дел од територијалната одбрана.

Повеќе: Животот на старите и болните кои не можат да го напуштат Киев

„Прво бевме препуштени сами на себе, потоа дојдоа мажи кои веќе имаа потпишано договор за одбрана. Останатите од нас тоа го сторија по две недели кога добивме командант кој е поврзан со војската", раскажува Олександр. Според него тие за разлика од војниците не добиваат плата и можат договорот да го раскинат во секое време.

„На почеток ми беше тешко да се привикнам дека не може да се спие кога сакаш, туку кога има можност за тоа. Сега веќе се навикнав", вели Олександр.

Сега носи униформа на украинската војска, но панцирот го набавил сам. Многу ја цени помошта од цивилите преостанати во Киев. Тие на  припадницте на територијалната одбрана им носат кафе и чај. Доброволци направиле кујна и таму ги прехрануваат војниците.

„Во мојата единица повеќето момци кои имаат искуство во борба со Русите, потекнуваат од Донбас. Некои од нив се од Черсон, некои од Одеса. Иако некои политички ставови ни се разликуваат, сега за тоа си прогледуваме низ прсти. Тука сите сме како браќа", вели Олександр.

Украинци се враќаат во татковината за да се борат

„Сите се во први борбени линии"

Опасните позиции во Киев се на северозапад, бо предградијата Буча, Хосто ел и Ирпин каде има тешки судири. „Сите се во првите борбени линии - војската, националната гарда, граничарите, територијалната одбрана, полицијата, безбедносната служба ан Украина, тајните служби и баталјоните со соброволците. Меѓу нив има млади момчиња кои пушкомитралези знаат само од настава. Тие сакаат да одат во битка со искусни борци", вечи 62-годишниот Јуриј Кулаќек, кој е резервист мајор на пограничната служба. Пред војната имал фирма која се за имавала со ископување гранит. Две години ја бранеше Украина во Донбас и потоа заминал во пензија. Но, по 24 февруари се вратил во неговата единица и сега ги брани предградијата од Киев во близина на автопатот во правец на запад.

„На нас војниците сила ни даваат цивилите кои невооружани излегуваат на улиците во Черсон, Мелитопол и Бердјанск на протести оротив инвазијата. И храброста на бегалците од Хостомел ни дава поттик. Цивилите пак се угледуваат на тоа како ние се бориме со Русите. Меѓусебно си даваме многу сила и енергија, тоа едноставно е неописиво", вели Јуриј. Доказ за големиот борбен дух е фактот дека сите кои заедно со него ја напуштиле воената служба во 2016, сега без разлика на возраста повторно се на фронтот и тоа доброволно.

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Süd-Balkan-Reise Minderheiten in Nord-Mazedonien

Претседателот на клубот во Битола: Бараме заштита од ЕУ

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница