1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Bulgarien - Jährliche Versammlung der Russlandfreunde in Kazanlak
Фотографија: BGNES

Војната на Путин и бугарските колаборационисти

Веселин Стојнев
12 март 2022

Путин води војна во Украина, а во Бугарија има негови колаборационисти- путинофили, без никаква морална позиција и лишени од елементарна емпатија за страдањата на милиони убиени и раселени.

https://p.dw.com/p/48Bv2

Од руската инвазија на Украина сите сме поделени на пријатели и непријатели. Не само државите, туку и нациите и нивните индивидуални претставници. Како во политичката теологија на познатиот теоретичар на правото и политиката Карл Шмит, кој што бил и истакнат нацист. За него, спротивставеноста непријател-пријател е во срцето на политиката, вклучително и на меѓународен план, бидејќи човештвото нема надворешни непријатели. Па, по војната, тој мораше да признае дека можеби има внатрешни непријатели на целото човештво и тие треба да се третираат како нелуѓе. Во криминална смисла, тоа беа нацистички поединци осудени во Нирнберг, но во морална смисла, Германците генерално станаа за Шмит жртви на оваа нова панчовечност. 

Денешниот нацист од Кремљ ги претвори Русите во Хитлерови Германци. Демократскиот свет воведува санкции не само на Руската Федерација, на руските компании, туку и на поединечни граѓани - диригенти, оперски изведувачи, спортисти. Дури и неутрална Швајцарија не е неутрална за санкциите.

Во свет поделен со војна меѓу непријатели и пријатели, дури и странците меѓу нив стануваат непријатели. Цели етнички групи стануваат потенцијални терористи и саботери. Се надеваме дека нема да се повтори лудилото како изолацијата на 120.000 американски Јапонци во логори во САД, од кои повеќето Американци, по нападот на Перл Харбор. 

Русите можат да го ослободат светот и самите себе

„Русија повеќе не постои“, рече филмскиот критичар Антон Долин, главен уредник на списанието „Арт оф синема“, во своето проштално писмо додека ја напушташе земјата. Тој вели: „Украинците имаат шанса да станат од пепелта и урнатините, ќе станат посилни и ќе можат - ако сакаат - да заборават на страдањата. За нас нема ниту можност, ниту право да заборавиме. Ние сме стигматизирани“. И Богдан Прах, ректор на Католичкиот универзитет во Лавов, рече: „Веќе не постои нешто како „добри Руси“.

Единствениот начин Русите да не бидат стигматизирани е да го ослободат светот и себеси од деспотската милитантна клика на Кремљ. Згора на тоа, Русите, како суверени на нуклеарната империја, имаат поголеми обврски кон светот отколку луѓето од неутрална Финска или од внатрешно поделената натовска Бугарија.

DW Bulgarien | Autor Vesselin Stoynev
Веселин СтојневФотографија: Toni Tonchev

НАТО не може да ја брани Украина поради нуклеарната актовка на Путин, не може да го жртвува целиот свет за една земја. Но, тие навистина добри Руси кои протестираат против војната, ризикувајќи апсење, парични казни и тепања, не се доволни да ја соборат владата. И дали би можеле да бидат, со оглед на тоа што, според Михаил Ходорковски, три четвртини од Русите никогаш не патувале во странство и се уште се информирани само од официјалните медиуми. Но, нема ли да излезат на улица ако санкциите силно ги погодат? Која е оваа полиција и кои се овие служби кои можат да уапсат милиони? 

А русофилите во Бугарија?

Ако го соборат Путин и му го одземат нуклеарното копче, ако ги вратат своите права и слободи и ги откинат пипалата на олигарсите од огромните природни ресурси на земјата, Русите ќе бидат ослободители на светот и на самите себе. Сепак, русофилите во Бугарија ќе останат неослободени затоа што се путинофили. Такви се левите, вклучително и најновата левица, во која имаше надеж за левица надвор од кремљскиот посткомунизмот. 

Двете големи групи често се исти луѓе. Тоа се соработници на модерен нацистички режим. Луѓе кои избегнуваат да заземат морална позиција, жонглирајќи со геополитичките размислувања. Луѓе кои се лишени од основната човечка емпатија за страдањата на милиони, застрелани, убиени и протерани од нивните домови и земји.

Сега секој што е на страната на агресорот е негов соучесник. Аргументите кои ја ставаат моралната позиција во заграда веќе не се валидни, на располагање е само изборот меѓу доброто и злото. Светот денес е црно-бел, поделен на нормални луѓе со совест и лукави нелуѓе. 

А Бугарија уште лебди 

Во Бугарија поделбата е огромна, но барем не е на првите борбени линии, а санкциите меѓусебно се воведуваат само на социјалните мрежи. Сепак, ова воопшто не треба да нè смирува. Утре светот, ако има свет, ќе биде подобар и помудар. Затоа што милиони луѓе и десетици земји ќе поминат низ чистилиштето на едноставен избор што ретко се случува во животот. Од него ќе станат посилни и помудри. 

И во Украина, и на Запад, и дај Боже - во Русија повеќето ќе станат почовечки. Нема да биде безбедно за Бугарија. Затоа што голем број луѓе - се надеваме дека не мнозинство - би акумулирале агресија во обидот да го заобиколат моралниот избор. Ќе останеме народ без самодоверба, а нашата иднина ќе зависи од моментот и среќата. Затоа што кога една нација не може да направи големи, но едноставни избори, и се случуваат посложени, додека лебди. 

* Овој коментар го изразува личното мислење на авторот

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Министерство за правда на Република Северна Македонија

За што служат законите?

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница