1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Bulgarien Premierminister Kiril Petkov
Фотографија: BGNES

Вонреден Коалициски совет во Софија за Северна Македонија

Катерина Блажевска
27 мај 2022

Се очекува Петков да им објасни на партнерите зошто побарал претседателот да го свика Консултативниот совет за национална безбедност и да го претстави постигнатото во дијалогот со Скопје.

https://www.dw.com/mk/%D0%B2%D0%BE%D0%BD%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-61947900

На барање на бугарскиот премиер Кирил Петков, вечерва во Софија ќе се одржи вонреден Коалициски совет, на кој четирите партнери во владата ќе разговараат за односите со Северна Македонија. На средбата се очекува да се разговара и за барањата на Демократска Бугарија (ДБ) и на Бугарската социјалистичка партија (БСП) за презентирање на управувачка програма на владиниот кабинет, со јасно дефинирани мерки и рокови за нивна реализација, но главна ќе биде темата за РСМ.

Како што информираат медиуми во соседството, се очекува премиерот Петков да им објасни на неговите партнери зошто побарал од претседателот Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност (КСНС) и да го претстави досега постигнатото во дијалогот со  Скопје.

Петков најави дека ќе бара свикување на состанок на коалициските партнери за време на  посетата на Рим и Ватикан на 24 -ти мај,  објаснувајќи зошто се залага и претседателот да се сретне со сите партии претставени во парламентот.

„Форматот на коалицискиот совет е многу важен. Ќе разговараме со коалициските партнери, но ни треба поширок консензус за тоа и опозицијата мора да биде информирана“, изјави Петков.

Дел од неговите коалициски партнери (БСП) сметаат дека нема потреба да заседава Консултативниот совет за национална безбедност, со оглед дека ништо не се променило од последното заседание, односно - нема никаков исчекор во разговорите со РСМ. Таков е ставот и на владејачката партија Има таков народ (ИТН). Нејзиниот пратеник Станислав Балабанов објасни дека нема потреба од седница на Консултативниот совет за национална безбедност, бидејќи „сѐ е многу јасно на темата  Македонија“.

„Од Македонија самите го засилуваат негативизмот и го прават покомплицирано прашањето за укинување на ветото.  Многу се надевам дека премиерот нема да донесе самостојна одлука за прашањето со Македонија, но во принцип можно е тоа да се случи, и тоа би ја кренело во воздух не само коалицијата, туку и општеството“, изјави Балабанов.

А во пресрет на вечерашниот Коалициски совет, тој го повтори категоричниот партиски став - дека тие не отстапуваат од утврдената позиција на Бугарија.

„Ние ќе ги ислушаме (партнерите-н.з.) зошто воопшто се состануваат, во ситуација кога позицијата е јасна - и на Консултативниот совет при претседателот, и на Рамковната позиција на Бугарија, и на Декларацијата на 44-то Народно собрание, па можеби и јас ќе се запознавам со нешто ново што не го знам. Ќе видиме што ќе кажат. Но нашиот став е јасен“, изјави пратеникот од ИТН.

Тој како шпекулации ги оцени тврдењата дека ИТН денеска  ќе ја напушти коалицијата,  но потенцира дека е недозволиво да се игнорира бугарскиот национален интерес во РСМ, кој за ИТН е „црвена линија“.

Bulgarien Vorstellung der neuen Regierung
На вонредниот Коалициски совет главна ќе биде темата за РСМФотографија: BGNES

Токсична позиција

Од друга страна, по бројните разговори на бугарските власти со  партнерите од ЕУ,  но и со високи претставници на САД, политички квалификуваната јавност во Бугарија е свесна дека од Софија во овој момент се очекува многу повеќе: да ја разбере нејзината позиција во поширок контекст на нејзиното сојузништво, а не само во контекст на она што таа го смета за свои национални интереси. Дотолку повеќе, што под плаштот на „заштита на национални интереси“ може да бидат маскирани токму туѓи интереси кои имаат полза од подривање на можноста за решение меѓу  Скопје и Софија,  а дел и од тесни партиско-популистички причини.

„Премногу бугарски граѓани и бугарски државници со души извалкани од ветото и од ‘позицијата’ се редат на страната на руското дивјаштво. И ова е веќе ризик за националната безбедност“, оцени деновиве во колумна во „Дневник“ бугарскиот политиколог, Евгениј Дајнов. Тој предупреди дека отровот на ветото продолжува да се шири низ бугарското општество.

„Според ‘рамковната позиција’, Бугарите бараат од Македонците да се сменат имињата на неколку стотици улици; да тргнат некои спомен плочи, да признаат дека биле Бугари до 1944 година кога Македонците ги создале југословенските комунисти; да извршат лустрација (која самата Бугарија не ја спроведе), а таму каде што во пишани документи се споменува ‘македонски јазик’ да објаснат дека тоа е дијалект на бугарскиот јазик. Нема држава во светот која официјално ќе прифати дека нема народ на нејзината територија, дека нема историја и дури нема ни јазик. Не постои таква држава, бидејќи не може да има. Следствено, нема шанси државата Северна Македонија некогаш да се потчини на бугарската ‘рамковна позиција’“, оцени Дајнов.

Тој има децидна порака: „За да ги спасиме нашите души, мора да најдеме начин да го скршиме ова лудо вето“, пишува Дајнов и критикува дека дел од бугарски политичари ја хистеризираат ситуацијата за да собираат гласови, а други - за да не се разбудат со гневни толпи под нивните прозорци.

„Историјата почнува од шмајзерите“

Поврда на ова дава најсилниот заговорник на ветото за РСМ во последната влада на Бојко Борисов, Красимир Каракачанов. Запрашан дали се подготвува скриен компромис за Македонија, изрази стравување дека нешто се подготвува.

„Нешто продолжува да се мати, бидејќи по барање на премиерот ќе има полноќен Коалициски совет за темата Македонија. Кога ќе го додадеме и неговото барање до претседателот - да свика седница на Консултативниот совет за национална безбедност, тоа покажува дека тој не се откажал од желбата да изврши национално предавство, какво што изврши Ѓорги Димитров во 1946 година, признавајќи македонска нација, македонски јазик и принудувајќи ги Бугарите во областа на Благоевград и Ќустендил да се пишат Македонци“, изјави Каракачанов за Радио „Фокус“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница