1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Nordmazedonien Parteizentrale der VMRO-DPMNE in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Резолуција за црвените линии за идентитетски прашања

КБ
2 јули 2021

Најголемата опозициска партија ќе поднесе резолуција во Собранието со која ќе се дефинираат клучните црвени линии во спорот со Бугарија, за јазикот, историјата и идентитетот, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://p.dw.com/p/3vvAW

Целта на резолуцијата, според извори во партијата, е да се побара општествен консезус и да се исцртаат позициите кои ќе се бранат во преговорите со источниот сосед, од кои и оваа и секоја идна влада не треба да се повлече, бидејќи истото би предизвикало нарушување на државните интереси.

Според партијата, дефинициите кои ќе се употребат во резолуцијата се истите оние кои се употребени од МАНУ и од УКИМ како најреномирани научни институции, што ќе говори и за намерата да се вклучат сите напредни елементи кои треба да предводат во заштитата на државните интереси.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека бугарските ставови се прецизно дефинирани во бугарската декларација и во она што сихронизирано го говорат бугарски политичари, а проблемот е што македонските позиции се нејасни и свесно се дозволува тие да бидат флексибилни и на штета на идентитетските обележја.

Nord-Mazedonien DW Interview Hristijan Mickovski
Фотографија: DW/B. Georgievski

Повеќе:

-Што точно сака Бугарија од С. Македонија?

-Ревизија на македонскиот идентитет

-Бугарските интелектуалци со осуда на декларацијата на Софија: Поттикнувате омраза

Одговорна држава би постигнала општествен и национален консезус за вака важни прашања, порачуваат од партијата.

За деталите и текстот на резолуцијата денеска се очекува посебна прес-конференција да има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Овој предлог доаѓа по изјавата на португалската секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш, која македонскиот јазик го нарече северномакедонски и изјави дека тој некогаш бил дел од бугарскиот, но и по засилената негаторска реторика од источниот сосед.

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Süd-Balkan-Reise Minderheiten in Nord-Mazedonien

Претседателот на клубот во Битола: Бараме заштита од ЕУ

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница