Виена: Средба за иднината на Балканот | Свет | DW | 31.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Виена: Средба за иднината на Балканот

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Виена ќе разговараат за перспективата за приклучување во ЕУ на балканските држави.

Österreich Wien - Ministertreffen: Heiko Maas, Karin Kneissl und Federica Mogherini (Imago/photothek/F. Gaertner)

Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл (л.) во Виена со германскиот колега Хајко Мас и Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини

Освен европската перспектива на Балканот, во Виена се очекува да стане збор и за обидите за решение на деценискиот конфликт меѓу Србија и Косово. Во текот на последните недели во игра беше ставена размена на територии како можно решение на конфликтот. Повеќе држави на ЕУ зазедоа критички став кон таквите предлози, поради тоа што сметаат дека тоа би можело да влијае врз целиот регион и нерешените гранични проблеми не само на Балканот, туку и пошироко. 

Повеќе:

Размена на територии - враќање во Среден век

Косово и Република Српска во ист кош?

Кнајсл бара поголем ангажман од ЕУ

Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл побара поголем ангажман за приклучување во ЕУ на шесте држави од Западниот Балкан.

Гледај видео 00:46

Меркел: „Мора да внимаваме“

„Не можеме да си дозволиме поради недоволен ангажман на ЕУ во вакуумот што од тоа настанува да се вклучат други актери“, рече Кнајсл за весникот „Велт“ пред средбата на европските шефови на дипломатии во Виена. 

„Јасна европска перспектива е гаранција за политичка стабилност и економски просперитет“, изјави Кнајсл. Земјите на Југоисточна Европа во политичка, економска и културна смисла се дел од Европа и „при сето разбирање за колебливоста на некои земји членки, тоа не смее да биде поголемо од геополитичкиот интерес за брзо приближување кон ЕУ“, уверена е Кнајсл.  

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама