1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
BG Angriff auf Einkaufszentrum in Krementschuk
Фотографија: Efrem Lukatsky/AP Photo/picture alliance

„Варварски напад“- осуди за рускиот напад врз Кременчук

БГ /АФП
28 јуни 2022

Во рускиот ракетен напад врз преполн трговски центар во Украина загинаа најмалку 18 луѓе. Од Групата 7 најразвиени држави во светот оценија дека се работи за „воено злосторство“ и најавија нови санкции за Москва.

https://www.dw.com/mk/%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82-%D1%80%D0%B5%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%BF%D0%BE-%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4-%D0%B2%D1%80%D0%B7-%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%87%D1%83%D0%BA/a-62286712

Лидерите на седумте најразвиени држави во светот (Г7) се заканија дека рускиот претседател Владимир Путин и одговорните за нападот во Кременчук ќе одговараат за злосторството.

„Неселективни напади врз невини цивили претставува воено злосторство“, соопштија тие, осудувајќи го „грозниот напад“.

Украина ја обвини Русија дека намерно таргетира цивили, а претседателот Володимир Зеленски го нарече „еден од најбесрамните терористички акти во европската историја“. 

BG Angriff auf Einkaufszentrum in Krementschuk
Пожар по рускиот ракетен напад врз трговски центар во градот Кременчук, УкраинаФотографија: Efrem Lukatsky/AP Photo/picture alliance

„Мирен град, обичен трговски центар - жени, деца и обични цивили во него“, рече Зеленски.

Гувернерот на регионот Полтава, каде што е лоциран Кременчук, соопшти дека 18 луѓе загинале во нападот. Најмалку 59 биле повредени, соопштија спасувачките служби. 

Русија демантираше дека го нападнала трговскиот центар, туку тврди дека таргетирала магацин за американско и европско оружје во непосредна близина. Оганот од тој магацин потоа се проширил на трговскиот центар, тврди Москва. 

Во друг напад во понеделникот, од руски ракети загинаа најмалку осум цивили додека чекале за вода во градот Лисичанск. Овој град е новиот фокус на руската офанзива на истокот на земјата, откако претходно беше освоен Северодоњецк кој е веднаш спроти него. 

BG Angriff auf Einkaufszentrum in Krementschuk
Спасувачки екипи ги расчистуваат урнатините и бараат преживеани во трговскиот центар во КременчукФотографија: Efrem Lukatsky/AP Photo/picture alliance

Зборувајќи од собирот на Г7 во баварските Алпи, Германија, британскиот премиер Борис Џонсон оцени дека нападот во Кременчук ја покажува длабочината на „суровоста и варварството“ на Путин.

Дипломатски извори потврдија дека Украина побарала седница на Советот за безбедност на ОН, каде Русија има право на вето, но не може да ги спречи дискусиите за инвазијата. 

Лидерите на Г7 од самитот порачаа дека ќе продолжат да ѝ даваат помош и поддршка на Украина, додека истовремено ги засилуваат економските санкции кон Москва. Во Групата членуваат САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија. Од германскиот Елмау, лидерите се селат во Мадрид на самит на НАТО.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница