На Балканот доаѓаат вакцините од ЕУ | Информации и анализи за Балкан | DW | 03.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

На Балканот доаѓаат вакцините од ЕУ

Западен Балкан денеска ги добива првите вакцини од ЕУ. Северна Македонија треба да добие 4.680 вакцини.

Србија и Црна Гора се првите земји од Западен Балкан во кои ќе стигнат вакцините кои се помош од ЕУ во корона-кризата. Притоа, Србија денеска ќе добие 1.170 дози, а Црна Гора 2.340 вакцини.

Најголем број вакцини би требало да добие Босна и Херцеговина - 10.530. Тие во земјата треба да пристигнат во текот на утрешниот ден, а така е и со вакцините за Северна Македонија, Албанија и Косово. Притоа за македонските граѓани, исто како и за Албанците и Косовците, се наменети 4.680 дози.

Повеќе: С.Македонија ќе добие 119 илјади вакцини на Фајзер од ЕУ

Координацијата на процесот на доставување вакцини од ЕУ за Балканот го презема Австрија. Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг утре, заедно со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, во БиХ свечено ќе му ги предаде вакцините Фајзер на босанскиот премиер Зоран Тегелтија. Со акцијата ЕУ сака да демонстрира дека не го остава регионот на цедило во снабдувањето со вакцини.

Австриската радио телевизија ОРФ денеска информира дека Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина треба да го добијат најголемиот дел до ветените вакцини до август. Од вкупно 651.000 дози, една третина, односно 214.000 дози, треба да ѝ бидат дадени на БиХ, 145.000 на Албанија, 119.000 на Северна Македонија, 95.000 на Косово, 42.000 на Црна Гора и 36.000 на Србија.

Повеќе„Пазар“ и тајни дилови за вакцините во ЕУ?

„Во пандемијата важи основното правило: никој не е на безбедно, додека сите не се безбедни. Немаме ништо од тоа ако во Австрија наскоро сите кои сакаат да примат вакцина бидат вакцинирани, а нашето непосредно соседство сѐ уште не е вакцинирано“, објаснува Шаленберг.

Австрија, по налог на ЕУ, со Бионтек/Фајзер склучи договори за купување и доставување вакцини за помош на балканските држави и го презеде меѓуфинансирањето на процесот.