Бугарско-македонски спор: Скопје не сака уште шест месеци да ја чека Софија | Северна Македонија | DW | 15.12.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Бугарско-македонски спор: Скопје не сака уште шест месеци да ја чека Софија

Откако новиот бугарски премиер Кирил Петков најави 6 месеци за надминување на спорот, македонскиот државен врв смета дека проблемот треба да се реши што поскоро и да не се држи целиот регион во заложништво.

Северна Македонија смета дека рокот од шест месеци за изнаоѓање на решение со Бугарја, со цел да се одблокира патот кон ЕУ е премногу долг. Државниот врв смета дека проблемот треба да се реши што поскоро, со цел да се не држи целиот регион во заложништво. Вакви пораки упатија и претседателот Стево Пендаровски, но и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. 

Пендаровски, кој се наоѓа во посета на Приштина, вели дека за него е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер Кирил Петков, дека историјата не треба да биде единствен канал на кoмуникација меѓу двете држави. 

„Разговараме за инфраструктура, разговараме за енергетско поврзување, разговараме за економија и за трговска размена, разговараме за европски интеграции, разговараме за човекови слободи и права, разговараме за пандемијата. Меѓутоа, секако не да разговараме за тоа што се случило пред три или пет века. Тоа е модерен пристап кој го поддржувам“, вели Пендаровски. Но, за него е неприфатлив временскиот рок од шест месеци, бидејќи смета дека проблемот може да се реши за многу покус временски период. 

Bulgarien I Kiril Petkow bekommt den Auftrag zur Regierungsbildung

Пендаровскi вели дека за него е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер Кирил Петков, дека историјата не треба да биде единствен канал на кoмуникација меѓу двете држави.

Претседателот, на заедничката прес-конференција со претседателката на Косово Вјоса Османи, оцени дека доколку се одолговлечи решавањето на прашањето меѓу Северна Македонија и Бугарија, тоа не би се одразило на состојбата на дестабилизација на државата. Пендаровски потсети дека земјава се соочи со слична ситуација кога бевме одбиени од членството во НАТО во 2008 година поради проблемот тогаш со Грција. 

„Десет години потоа, во 2018 го решивме проблемот. Во тие десет години не се случи никаква безбедносна дестабилизација на државата. Не знам од каде се тие оценки и на што се базираат, меѓутоа она што јас го знам, нема никаква најава дека ако чекаме подолго со нерешен спор со Бугарија или чекаме подолго да ги почнеме преговорите со ЕУ дека ќе дојде до каква била и од кого било иницирана внатрешна или од надвор дестабилизација на земјата. Од тој аспект граѓаните може да бидат спокојни“, порача Пендаровски.  

Предолго време за чекање 

И министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача дека Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период во контекстот во кој се наоѓа регионот.Тој вели дека одлуките за проширување на ЕУ се носат со консензус меѓу членките, како и дека нашата позиција е принципиелна и многу земји од Унијата ја поддржуваат. 

„Шест месеци е предолг период во контекст во кој се наоѓа регионот. Има многу отворени прашања. Сметам дека тој период нас не ни одговара. Треба да седнеме со Петков и да разговараме што значи тој период. Таквиот пристап требаше да биде одамна. Првата меѓувладина конференција не е ништо поразлична од останатите. Немаше потреба целиот регион да се држи во заложништво“, рече Османи во телевизиско гостување.  

Nord-Mazedonien PK Bujar Osmani

Бујар Османи порача дека Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период во контекстот во кој се наоѓа регионот.

„Фајненшл тајмс“ вчера објави дека новиот бугарски премиер Кирил Петков дава сигнали оти Софија ќе стави крај на опструкциите за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ, ​​откако неговата Влада ќе стапи на должност. „Ние сме сто проценти за политиката на НАТО и ЕУ. Ќе предложиме нов пристап за Северна Македонија и тоа треба да се направи брзо, за краток временски период, не повеќе од шест месеци“, изјави Петков.

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, укажува дека довербата на земјите од целиот регион во ЕУ е на ниско ниво како никогаш претходно. 

„И тоа не само кај нас туку мислам дека е таква ситуацијата низ целиот регион. Не може во толку наврати нешто да се каже, а да не се исполни“, вели Димитров, додавајќи дека со паѓањето на довербата, паѓа и влијанието. „Дури и самата ЕК, што не се случило претходно, во пакетот за проширување во октомври, вели – непочнувањето на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија, влијае лошо на кредибилитетот на ЕУ“, е ставот на Димитров. 

DW.COM

Поврзана содржина