Брисел контра нон-пејперот на Јанша: унитарна БиХ има иднина во ЕУ | Информации и анализи за Балкан | DW | 13.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Брисел контра нон-пејперот на Јанша: унитарна БиХ има иднина во ЕУ

Европската унија ќе се обиде да ја убеди БиХ дека земјата има иднина во ЕУ, откако претходно нон-пејпер на словенечката влада внесе голема забуна, се наведува во интерен документ кој го објавува агенцијата Ројтерс.

Bosnien und Herzegowina | Josep Borrell in Sarajevo

Жозеп Борел со Милорад Додик и Жељко Комшиќ во Сараево. 21 ноември 2020 година.

Со документот кој го добија претставници на ЕУ во април се предлагаше прекројување на границите по етнички линии на Западниот Балкан во обид да се одблокираат европската иднина и закочените реформи во регионот. Нон-пејперот чиј наводен творец беше словенечкиот премиер Јанез Јанша предизвика бура од негативни реакции во Босна и Херцеговина која се надева на членство во ЕУ и НАТО. 
„ЕУ ја потврдува својата недвосмислена посветеност на перспективата на БиХ во ЕУ како унитарна, обединета и суверена држава“, се наведува во документот на 24 страници подготвен за денешниот состанок на претставници на БиХ со првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел. Во него се бара и спроведување на серија тешки реформи пред БиХ да може да стане кандидат за членство во ЕУ. 
ЕУ досега не го коментираше официјално словенечкиот нон-пејпер, но Јанша остро демантираше дека бил испратен таков документ и ги обвини медиумите за ширење „лажни вести“ чија цел е да се наштети на словенечките напори за интеграција на земјите од Западниот Балкан во ЕУ.
Во неофицијалниот документ се наведуваше дека нерешените национални прашања на Србите, Хрватите и Албанците се пречка за интеграција на регионот во ЕУ и предлагаше нивно надминување со промена на границите и размена на територии. 
Како дополнителна гаранција за БиХ, ЕУ повикува и на изборна реформа на линијата на Дејтонскиот договор од 1995 година. Минатиот месец и НАТО ги поддржа евро-атлантските аспирации на БиХ и повика на итни политички, економски и други реформи согласно Дејтонскиот договор. 

DW.COM