Брегзит: Повторно се од почеток? | Свет | DW | 15.09.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Брегзит: Повторно се од почеток?

Долниот дом на британскиот парламент во првото читање прифати измена на договорот за Брегзит. За предлог-законот на премиерот Борис Џонсон гласаа 340 пратеници, а 263 беа против.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, доцна вечерта освои мнозинство во Долниот дом на парламентот, со што ја помина првата пречка за усвојување на предлог-законот, кој многумина го сметаат за спротивен на меѓународното право, а со кој тој сака да прекрши делови од договорот за Брегзит.

Нацрт-законот за регулирање на внатрешниот пазар,на премиерот Џонсон, кој има комотно мнозинство од 80 пратеници во Долниот дом на парламентот, во првото читање доби поддршка од 340 пратеници во однос на 263 кои гласа „против“.

За конечниот предлог-закон ќе се расправа во парламентот уште четири дена. Џонсон победи на гласањето и покрај растечкиот револт кај пратениците од неговата Конзервативна партија, кои сметаат дека кршењето на меѓународното право ќе го наруши угледот на Велика Британија.

Повеќе:

-Брегзит: Џонсоновата стратегија на хаос

-Брегзит повторно во криза

-Пост-Брегзит тага во Европскиот парламент

Пред гласањето британскиот премиер оцени дека е неопходно да се донесе овој закон со оглед на тоа што Европската унија не го тргнала „пиштолот од масата“ во преговорите за идното уредување на меѓусебните трговски односи. 

Џонсон пред пратениците истакна дека е клучно да Велика Британија да им се спротистави на „апсурдните закани“ од Брисел, како онаа дека Лондон поставува бариери меѓу Британија и Северна Ирска и наметнува  блокада на храна, што, според него, претставува закана за единството на Обединетото Кралство. Брисел, пак, наведува дека планот на Џонсон би ги уништил трговските преговори и би предизвикал „тврд“ неуреден Брегзит.

 

Реклама