1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Аналена Бербок
Аналена Бербок, германска министерка за надворешни работиФотографија: Thomas Trutschel/photothek/imago images

Бербок: Разочаравме многу земји од Западниот Балкан

10 март 2022

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во пресрет на посетата на земјите од регионот вели дека политички стабилен и економски успешен Западен Балкан е од суштински интерес за Германија.

https://www.dw.com/mk/%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%B1%D0%BE%D0%BA-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BE%D1%87%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BC%D0%B5-%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D0%B3%D1%83-%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD/a-61077057

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок во четврток ја започна првата посета на Западниот Балкан со средби со претставници на БиХ во Сараево. Оттаму ќе продолжи во Приштина и Белград со порака дека „политички стабилен и економски успешен Западен Балкан, чиишто земји се проевропски ориентирани, е суштински интерес на Германија“. 

„Ние ќе се залагаме за тоа како низ политички разговори, така и преку стратешки инвестиции, пред сѐ во обновливите извори на енергеија“, наведе Бербок во соопштение пред посетата.

Таа оцени дека „рускиот напад врз Украина е пресврт кој јасно покажува дека Европа мора да биде подготвена стратешки да инвестира во својата долгорочна безбедност“. 

„Тоа посебно се однесува на нашите односи со земјите од Западниот Балкан. Денешниот мир на Западниот Балкан можеби не е совршен но е драгоцен“. 

„Да ги сослушам луѓето“  

Новата германска министерка вели дека патува во земјите од Западниот Балкан за да „сослуша што очекуваат луѓето“, но и да им „даде до знаење дека тој регион во срцето на Европа нема да биде препуштен на влијанието на Москва“. 

„Ние мораме отворено да кажеме дека разочаравме и запоставивме многу од земјите во регионот последниве години. Во тој отворен простор продираат актери како Русија кои не се интересираат за европската иднина и кои не се воздржуваат од разгорување на нерешените судири“, вели Бербок. 

Германија: Мануел Сарацин - специјален владин претставник за Западен Балкан

Таа оценува дека Европа последниве денови покажа дека е способна и одлучна да се спротивстави на агресивните акции на рускиот претседател и дека сега мора да покаже дека е способна со истата енергија да се сврти кон иднината и да се ангажира во земјите од европското соседство. 

„Луѓето во регионот ќе не оценуваат според тоа дали од зборови преоѓаме на дела“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски Христијан Мицкоски

Ковачевски и Мицкоски бараат решенија за енергетската криза

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница