Бербок: Да не се губи време во ЕУ-интеграцијата на Западен Балкан | Информации и анализи за Балкан | DW | 02.07.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Бербок: Да не се губи време во ЕУ-интеграцијата на Западен Балкан

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок се залага за брз напредок во ЕУ-интегрирањето на државите од Западен Балкан.

Не смее да се губи уште време во напорите за интеграција и приближување до Европската унија на земјите од Западен Балкан, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок по разговорите со новата словенечка министерка за надворешни работи Тања Фајон во Берлин.

„На Балканот не смее да се создаде 'ниша' во која би се сместила Русија или други актери', изјави Бербок. „Западниот Балкан географски е среде ЕУ. Мораме во нашата средина конечно да ги донесеме и луѓето од Западниот Балкан“, побара германската министерка. Таа оцени дека ЕУ морала одамна да ги исполни своите ветувања за отворање преговори за приклучување,особено кон Северна Македонија и Албанија: „Тоа е во наш стратешки интерес и е прашање на веродостојноста“, смета Бербок.

Шефицата на германската дипломатија пред два дена оцени дека „Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста“ која ја нуди францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија. „Искористувањето на оваа можност е од огромен стратешки интерес за ЕУ и за Северна Македонија. Сега е време да тргнеме напред“, напиша Бербок на Твитер.