1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Анке Холштајн Германската амбасадорка Северна Македонија
Анке Холштајн, германската амбасадорка во Северна МакедонијаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Холштајн: Безрезервна поддршка од новата германска влада

9 декември 2021

Официјален Берлин не поддржува никакви алтернативи за полноправното членство на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, вели за ДВ, германската амбасадорка Анке Холштајн. Таа очекува брз почеток на пристапните преговори.

https://p.dw.com/p/443fQ

ДВ: Госпоѓо амбасадорке, новата владина коалиција во Германија јасно ја постави, како еден од приоритетите, натамошната поддршка за патот на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ. Во коалицискиот договор е наведено и дека се очекува брз почеток на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија. Какви конкретни чекори можеме да очекуваме на тој пат?

Тоа е точно. Има јасни изјави за нашата политика во однос на Западниот Балкан во коалицискиот договор и оваа јаснотија претставува новитет. Конкретно за Северна Македонија, ќе цитирам дел од коалицискиот договор: 'Ние го поддржуваме пристапниот процес кон ЕУ на шесте држави од Западниот Балкан и потребните реформи за исполнување на сите Копенхашки критериуми. Во оваа рамка го засилуваме граѓанското општество и ги поддржуваме натамошните чекори за приближување. Во следниот чекор, мора да бидат отворени првите поглавја со Северна Македонија и Албанија.'

Јас сум цврсто убедена дека е повеќе од симбол тоа што новата државна министерка за Европа во германското МНР, госпоѓа Ана Лирман како прв странски гостин ќе го прими вицепремиерот за европски прашања на Северна Македонија, господинот Никола Димитров. 

ДВ: Постои едно чувство дека поранешната канцеларка Ангела Меркел му беше наклонета на регионот и сакаше да помогне, но во клучните моменти, како секогаш да недостасуваше последниот чекор, па дури и притисок, да се завршат работите. Таков беше случајот и со блокадата од Бугарија, иако во тој период во обете земји на власт беа сестрински партии. Што можеме да очекуваме во тој поглед од новиот канцелар Олаф Шолц? 

Ќе морам да противречам. ЕУ е заедница на држави во којашто ниту една земја-членка не може да се наметне против волјата на другите и, кога станува збор за некоја одлука, тогаш владее принципот на едногласност. 
Германија стори сѐ што беше во нејзините можности за да го ослободи патот на Северна Македонија и можам да ве уверам дека ќе добиете безрезервна поддршка од новата сојузна влада, вклучително и од новиот канцелар Олаф Шолц. 

Северна Македонија Анке Холштајн
Холштајн: ЕУ е заедница на држави во којашто ниту една земја-членка не може да се наметне против волјата на другитеФотографија: Petr Stojanovski/DW

ДВ: По последната блокада на проширувањето на ЕУ, некои експерти и медиуми во западна Европа и Германија веќе прогласија крај за процесот и побараа на земјите од Западниот Балкан да им се понудат алтернативи за полноправното членство. Официјален Берлин досега не ги поддржуваше овие алтернативи, но можно ли е тие да станат реалност доколку продолжи блокадата?  

Тоа не е наша политика. Како што е потврдено во коалицискиот договор, ние ја гледаме иднината на целиот Западен Балкан во ЕУ и од наша гледна точка не постои алтернатива за тоа. Со Берлинскиот процес кој започна во 2014 година имаме инструмент кој, всушност, регионалната соработка и вмрежувањето ги донесе на едно ново и многу повисоко ниво. Тука мислам на укинувањето на роамингот, канцеларијата за младинска соработка Рајко, како и заедничкиот економски простор на Западен Балкан. Овој заеднички пазар се уште не стана реалност, но сепак, за сите потрошувачи во регионот би бил добар чекор во правец на евроинтеграцијата. 

ДВ: Аналена Бербок од партијата на Зелените во иднина ќе го предводи Министерството за надворешни работи. Што можете да ни кажете за контурите на таа надворешна политика во однос на Западниот Балкан во оваа почетна фаза? 

Многу сум горда што имам чест да служам во едно министерство кое за првпат ќе биде раководено од една министерка. Нашата надворешна политика кон Западниот Балкан се води во континуитет и тука ќе ја споменам уште еднаш средбата на државната министерка Лирман и вицепремиерот Димитров. За новата сојузна влада е значајна брзата визна либерализација со Косово и продолжувањето на пристапните преговори со Србија и Црна Гора и овие точки се дел од коалицискиот договор. Министерството за надворешни работи ќе има посилна улога во дипломатијата поврзана со заштитата на климата и самото Министерство ќе има лидерска функција кога ќе се водат преговори од името на Сојузната влада на сите глобални конференции за климатски промени. 
Тоа значи оваа поголема, посилна улога што ќе биде присутна во таа дипломатија насочена кон заштита на климата ќе се одрази и во политиката кон Западен Балкан, што значи таа политика ќе биде „позелена“. И како што знаете ние го имаме личниот континуитет во рамките на нашата политичка традиција, и освен некои мали промени на некои позиции, тој континуитет останува.
Всушност тој личен континуитет, значи лицата кои не се менуваат од своите функции, тоа се отсликува и во континуитетот на содржината која останува иста. 

Frankreich Paris | Pressekonferenz Annalena Baerbock und Jean-Yves Le Drian
Аналена Бербок е првата жена на чело на германската дипломатијаФотографија: Gonzalo Fuentes/AFP/Getty Images

ДВ: Во Скопје и Софија наскоро ќе има нови влади. Реално ли е да се очекува решение на спорот до првата половина на јануари, како што посакуваат водечките македонски политичари?  

Северна Македонија направи сѐ за да биде слободен патот за првата меѓувладина конференција, и предусловите се тука. Германија и Европската комисија, како и речиси сите земји-членки, неуморно работат за брз почеток на пристапните преговори, и сите знаеме кој е влогот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Бугарија протест ВМРО вето Македонија

Зошто во Бугарија пак ечи „Македонијаааа!“

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница