Алепо: Илјадници луѓе чекаат на евакуација | Свет | DW | 14.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Алепо: Илјадници луѓе чекаат на евакуација

Битката за Алепо е завршена. Со помош на руска авијација, режимот на Асад го врати градот во свои раце. Евакуацијата на цивилите и бунтовниците од источниот дел на Алепо се одолговлекува.

Од источниот дел на Алепо бегаат илјадници луѓе. Без којзнае каква заштита од студот, во потрага се по безбедна локација. Тие беа меѓу два фронта. Многумина од нив на своја кожа ја почувствуваа војната.

„Видете зошто доаѓаме, погледнете го неговото тело. Видете што му сторија на моето дете. Затоа доаѓаме овде“, вели една жена, покажувајќи на повредите на грбот на своето дете.

Еден сириски војник го става сириското знаме над познатата џамија Умајаден. До неодамна таа беше под контрола на бунтовниците. Знак на победа, но познатата џамија, која е дел од Светското културно наследство, е многу оштетена во борбите.

Овде можете да го погледнете видеото за состојбата во Алепо:

Гледај видео 01:39

Во потрага по безбедна локација

Сириската државна телевизија прикажува автоматско оружје и ракетни фрлачи кои ги оставиле бунтовниците. Прекинот на огнот би требало да им овозможи на бунтовниците да се повлечат од градот.

Меѓутоа, ОН ги обвинуваат сириските владини сили дека во изминатите денови погубиле најмалку 82 цивили. Американската амбасадорка во ОН, Саманта Пауер, на итната седница на Советот за безбедност јасно праша: „Зарем навистина не можете да се засрамите? Нема ли навистина ништо што би ве засрамило?“

Владата на Асад оценува дека е ова победа над теророт. Но, за луѓето во уништениот Алепо продолжува битката за преживување. Иако оваа бтика заврши, крајот на бруталната граѓанска војна не е на повидок.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама