Агенти и одмазда: смениш ли страна, те чека отров | Свет | DW | 10.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Агенти и одмазда: смениш ли страна, те чека отров

Поранешниот руски агент Сергеј Скрипал наводно бил отруен со нервен гас. Дали тајните служби сакале да го убијат? Ако е така, не би било прв пат. Убиство со труење е нивна специјалност.

Полека станува јасно со каква супстанца Сергеј Скрипал  дошол во контакт пред да падне во бессознание. британските власти пронајдоа траги од нервен гас и отворија истрага за обид за убиство. Пред сѐ истражуваат дали агентот и ќерка му биле мета на напад од руските тајни служби.

Двајцата биле „намерна мета", изјави шефот на британската антитерор единица, Марк Роули. Исто така еден полициски службеник беше во животна опасност.

Сергеј Скрипал како офицер на руската тајна служба издаде руски тајни агенти на британската тајна служба МИ6. За тоа во Русија беше осуден на 13 години затворска казна, но при размена на затвореници предвремено беше ослободен и доби азил во Велика Британија. Сега можеби бил мета на одмазда.

 Sergei Skripal (picture-alliance/dpa/Tass)

Во 2006. година Скрипал уште беше во затвор во Русија

Човекот на клупата

Тој со лицето и погледот бил свртен кон небото, чудно ги движел рацете, а на него била потпрена млада жена во бессознание. Така ја опишаа ситуацијата очевидци кои го пронашле поранешниот руски агент и неговата ќерка Јулија изминатата недела во гратчето Солсбери на југот на Англија.

Истражители претпоставуваат дека 66- годишниот Скрипал и неговата ќерка би можеле да бидат затруени. Тие и натаму се во „критична состојба". "Ако е толку лоша ситуацијата како што изгледа, тогаш е уште едно злодело што мора да им го ставиме на товар на Русите", изјави британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон во вторникот.

Ако е така, зошто не бил нападнат додека одлежуваше затворска казна во Русија? Или пак целта на нападот е да се исплашат други агенти за да не сменат страна? Дали Скрипал навистина бил жртва на неговите поранешни колеги не е извесно. Но, за многумина во Велика Британија постои сомневање. Луѓето се потсетуваат на слични случаи од минатото.

England London Grabstein Alexander Litwinenko (picture-alliance/dpa/C. Driessen)

Гробот на Александар Литвиненко во Лондон

Смртоносна шолја чај

Беше само голтка зелен чај, без шеќер, повеќе изладен отколку топол, која му пресуди на Александар Литвиненко. Поранешниот агент во 1999. пребега во Лондон и премина во редовите на МИ6 и беше силен критичар на Кремљ.

На 1. ноември 2006. Литвиненко се сретна со колеги од времето во тајните служби кои му понудија шолја чај во барот на еден хотел. Ноќта потоа му се слошило, повраќал, страдал од недостиг на воздух. Дури три недели подоцна, кратко пред неговата смрт, докторите констатираа дека Литвиненко бил затруен со радиоактивниот метал Полониум 210.

По речиси 10 годишна истрага, бртанските истражители заклучија дека претседателот на Русија, Владимир Путин, "веројатно лично го одобрил" убиството на критичарот.

Повеќе на темата: 

Путин веројатно го одобрил убиството на Литвиненко

Двојни агенти, двојни животи

Ботокс пура

За време на Студената војна и западните и источните тајни служби експериментирале со отрови. На сосолушување на ЦИА во Сенатот во 1975. бил споменат пиштол кој испукува минијатурна стрела со замрзнат отров. Дали ваквите или слични оружја било кога биле употребувани, во форумите за теории на заговор опширно е дебатирано.

Јасно е: и Западот планирал убиства со отров. Во Вашингтон сепак повеќе целеле на непријателските редови отколку на предавници од своите: меѓу таргетираните бил и Патрис Лумумба во Конго или Рафаел Трухиљо од Доминиканската Република.

Една со ботокс препарирана пура требала да послужи за атентат врз Фидел Кастро. Исто и чоколаден милкшејк зачинет со отровна пилула. Или, или..фантазијата на американските агенти при плановите за атентати врз комунистичкиот лидер не знаеле за граници.

Kuba Fidel Castro mit Zigarre (picture-alliance/AP Photo)

И околу Фидел Кастро се плетеле заговори

Отров од чадор

Како да го измислил Кју од Џемс Бонд личи и оружјето со кое беше убиен Георги Марков во септември 1978. година. Бугарскиот дисидент во егзил во Лондон на мостот Ватерло наеднаш осетил боцкање во ногата. Три дена покасно бил мртов.

Од врвот на еден чадор му вбризгале 2 милиметри малечка кугла со екстремно отровна растителна состојка. Ни до денешен ден не е јасно кој стои зад атентатот. На бугарското комунистичко водство во секој случај му беше трн во око.

И на германска територија агенти за време на Студената војна убивале користејќи отров. Агентот на КГБ Богдан Сташински кон крајот на 50-тите за две убиства на украински националисти користел еден вид пиштол со кој на жртвите од непосредна близина им прскал отровен гас в лице. Кога Сташински подоцна премина на страната на Западот, најпрво никој не сакал да му верува. Неговите раскажувања премногу наликувале на трилери за шпоинажа од евтина продукција.

Нервен гас и ракети

Назад во сегашноста: на аеродромот на малезискиот главен град Куала Лумпур во феевруари 2017. почина Ким Јонг Нам, полубрат на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун. Две жени му прснале нервен гас в лице,  кој нервите ги дразни до потполен престанок на дишењето. Американски истражители поаѓаат од тоа дека убиството се случило по налог на Северна Кореја. Ким Јонг Нам беше паднат во немилост кај неговиот полубрат.

Не само Северна Кореја, туку и многубројни други држави и ден денешен убиваат одделни лица без судски процеси. Тука се вбројуваат и Русија, но и САД и Израел, кои целат на осомничени терористи. Ваквите атентати со дронови или ракети воздух-земја се погласни отколку нападите со отров, но сепак добиваат помалку внимание.

 

DW.COM

Реклама