1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ширум отворен пат за Брегзит

Барбара Везел
18 декември 2019

Новиот британски парламент започна со работа, а премиерот Борис Џонсон има поддршка од големо мнозинство. Тој форсира „тврд“ Брегзит и слаби преговори со ЕУ. И веројатно ќе го протурка тоа без отпор...

https://p.dw.com/p/3V0GU
London Brexit / Flagge vor Uhr am Queen Elizabeth Tower
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Tallis

Членовите на новоизбраниот парламент во Лондон во вторникот (17.12.) положија заклетва. Тие почнуваат со работа веднаш. Во четврток кралицата ќе ја прочита владината изјава, а во петок премиерот Борис Џонсон сака да добие поддршка од Долниот дом во парламентот за својот закон за Брегзит.

Големото мозинство за конзервативната влада значи дека таа сега непречено би можела да ги спроведе своите планови. И Борис Џонсон сега покажува во која насока ќе се одвиваат работите: тој сака да го промени законот за Брегзит така што секое продолжување на преодниот рок да биде илегално.

Џонсон сака да изврши притисок на ЕУ  

За време на предизборната кампања Борис Џонсон постојано ветуваше дека Велика Британија сака на 31 јануари наредната година да ја поведе кон излез од ЕУ. И оти сака стриктно да се придржува на преодната фаза која тогаш ќе почне. Како што е договорено, таа се завршува на 31 декември 2020 година.Поголемиот број набљудвачи тоа не го сфатија премногу сериозно, бидејќи премиерот, инаку, не се грижи за своите ветувања. Но, Џонсон сега сака и правно да ја блокира можноста за продолжување на Брегзит за една или за две години. Со тоа самиот себеси си ги врзува рацете, а на ЕУ ѝ вперува пиштол во гради.

Großbritannien London | Erste Kabinettssitzung seit der Unterhauswahl 2019
Фотографија: Reuters/M. Dunham

Истовремено, премиерот сака да ги поништи сите договори кои ги постигна есента со симпатизерите на Европа и со противниците на „тврдиот“ Брегзит. Тоа се однесува на правата на работниците на ниво на ЕУ и на правниот надзор на парламентот над идниот трговски договор. По надмоќната победа, тој веќе не мора да се грижи за оние политички групации кои сакаат да се придржуваат кон европските прописи.Откако се соопштени плановите на премиерот, британската фунта веднаш ја загуби вредноста која ја имаше пред изборите.

Преговори под временски притисок

За ЕУ тоа значи дека има уште многу малку време да разговара со Велика Британија за договорот за слободна трговија - само 11 месеци. Во најдобар случај во текот на наредната година ќе биде можен мал договор за бесцарински промет на стока, доколку се преземат и копираат веќе постоечките обрасци.

Повеќе на темата:

-Борис победи, Велика Британија загуби

-Британците повторно гласаа за Брегзит

-ЕУ одобри ново, флексибилно, одложување на Брегзит

Борис Џонсон така сака да ги примора Европејците на отстапки. А тоа значи дека ЕУ повторно мора да докаже оти е во состојба да делува единствено. Во изминатите 2 години таа своите барања успеваше да ги спроведе кога станува збор за договорот за излез од ЕУ. Затоа што до крајот остана единствена. Но, во втората преговарачка фаза, заедништвото би можело да исчезне поради интересите на одделни земји членки - особено кога станува збор за заедничкиот пазар и за зачувување на стандардите на ЕУ.

Ториевците кои велат „да“

По убедливата победа на изборите ториевците видливо отидоа надесно. Зелените клупи во Долниот дом во парламентот се исполнети со лојалисти кои ќе ги поддржат сите планови на Борис Џонсон.Така премиерот во наредниот мандат може непречено да владее. Тој сака по свој вкус да ја прилагоди бирократијата во Вестминстер. Новиот претседател на парламентот, Линдзи Хојл, како што се очекува, нема да биде препрека за конзервативната влада, како што тоа беше неговиот претходник Џон Берков.

Großbritannien Unterhaus | Wahl neuer Speaker | Lindsay Hole, Kandidat
Линдзи Хојл, идниот спикер на Долниот дом на британскиот парламентФотографија: Reuters/Parliament TV

Хојл беше избран уште на почетокот на ноември и сега би требало да го поддржи новиот долен дом во парламентот. Тоа е чиста формалност .Но, најголема среќа за Борис Џонсон е тоа што опозициската Лабуристичка партија е во шок по дебакалот на изборите. Во моментов во долниот дом во парламентот никој не е во состојба да му се спротивстави на премиерот - освен силно засилената Шкотска национална партија СНП, која сега бара нов референдум за независност. Лабуристите во моментов се занимаваат самите со себе. Бес кај преостанатите 203 пратеници предизвика најавата на шефот на партијата Џереми Корбин дека на таа функција ќе остане до март. Многумина од оваа пратеничка група на негово место сакаат да доведат некој нов лабурист. Во секој случај, премиерот може да се опушти. Едноставно да ужува во конфликтите во редовите на опозицијата.