Харченко за Косово
17 септември 2007Реклама
Претставникот на Русија во меѓународната тројка за Косово, Александар Боцан Харченко оцени дека постои шанса да се оддржи предвидениот директен дијалог меѓу претставниците на Белград и Притшина кон крајот на месецов во Њујорк. Има шанси и интерес на двете земји, изјави рускиот дипломат непосредно пред одвоените консултации кои ќе се оддржат денеска и утре во Лондон. Претставникот на Русија исто така изјави дека тројката има услови да им помогне да се изнајде компромисно решение. Рускиот дипломат го повтори и ставот дека за него краен рок до кој треба да се подготви извештајот е 10 декември и дека за натамошни чекори ќе оддлучува Советот за безбедност на ОН.