Харченко демантира дека се подготвува Дејтон за Косово
11 октомври 2007Реклама
Рускиот член на преговарачката тројка за Косово, Александар Боцан Харченко ги демантираше информациите дека преговорите меѓу Белград и Приштина ќе завршат на почетокот на декември, како и најавите за организирање на меѓународна конференција за Косово слична на онаа од Дејтон. Во интервју за српскиот весник Вечерње новости, Харченко нагласува дека Русија не го омекнала својот став и додаде дека преговорите за идниот статус на Косово треба да траат се додека не се постигне компромис меѓу србите и албанците, како основа за траен мир на балканот.