Тројката ќе го информира НАТО за Косово
15 октомври 2007Реклама
Претставниците на меѓународната посредничка Тројка за Косово за текот на преговорите денеска ќе ги информираат учесниците на самитот НАТО – Русија. Според рускиот претставник во Тројката, Александар Боцан Харченко важно е Алијансата да се информира за развојот на настаните бидејќи тие се грижат за безбедноста во покраината. Инаку, ниту по вчерашните преговори меѓу косовската и српската делегација во Брисел со посредство на Тројката, на повидок нема решение за статусот на Косово. Белград остана на предлогот за суштинска автономија, додека Приштина не се откажува од плановите за независност. Новата рунда преговори е закажана за в понеделник во Виена.