1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп го заострува правото на азил

ЕМФ / дв
9 ноември 2018

Планот на американскиот претседател Трамп предвидува барање за азил во иднина да може да поднесат само лицата кои ја минуваат границата со САД на официјален премин.

https://p.dw.com/p/37w6y
Flüchtlinge US-Grenze bei Tijuana
Фотографија: Getty Images/D. McNew

САД во рамките на борбата против илегалното доселување сакаат да го заострат законот за азил. Според планот на американската влада, лицата кои илегално влегле во САД во иднина не би имале право да поднесуваат барања за азил.

„Ние сакаме барањата за азил да се поднесуваат на официјални премини, каде сме подобро персонално и структурално опремени, за да можеме барањата да ги обработуваме брзо и ефикасно“, изјави владин соработник кој сака да остане анонимен. Со планот на владата на Трамп, меѓутоа, во суштина ќе се намалат правата на мигрантите на азил.

Новите правила ќе ги погодат пред сѐ мигрантите од Централна Америка - од Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор. Тие во САД доаѓаат по правило преку американско-мексиканската граница. Во предлог-текстот на американската влада се вели: „Доколку странците се упатени на официјални премини, тоа би можело да ги охрабри да поднесуваат барања за азил уште во Мексико.“

USA Washington Trump Dekrete Religion
Американскиот престедател Доналд Трамп сака поостри правила за азил - борците за граѓански права тоа го критикуваатФотографија: Imago/UPI Photo/K. Dietsch

Проблемот на илегалната миграција преку границата со Мексико Трамп го тематизираше особено во текот на кампањата за изборите за Конгресот и најави дека сака да го промени правото на азил. Меѓу другото, тој зборуваше за „градови од шатори“ кои би можеле да се направат на границата. Таму мигрантите би биле сместени сѐ додека не биде донесена одлука по нивното барање.

Повеќе: 

Трамп - сејач на омраза

Фотографија на денот: Број за бегалците на границата со Мексико

Повеќе организации најавија отпор против ваквите планови на Трамп. „Американските закони дозволуваат поднесување на барање за азил во секое време, сеедно дали подносителот на барањето тоа го прави на граничен премин или не“, изјави Омар Џадват, директор за доселенички прашања во движењето за граѓански права „American Civil Liberties Union“. Според него, илегално е ваквите права да се заобиколуваат со претседателски указ. Белата куќа, наспроти тоа, е уверена дека ваква постапка на Претседателот е во законските рамки во случај кога тој смета дека се загрозени интересите на САД.