1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Согласност за помош за сузбивање на блоести во Африка

8 јуни 2007

Учесниците на самитот на Г8 денеска расправаат за помош за Африка.

https://p.dw.com/p/ApI4
Учесниците на самитот во ХајлигендамФотографија: AP

Шефовите на држави или на влади на земјите од Г8 се договорија да издвојат повеќе милијарди за сузбивање на сидата, маларијата и туберкулозата. Планот, инаку, пред околу две недели го предложи американскиот претседател Џорџ Буш.

Буш беше разочаран поради колебливиот став на ОН , што спречува стационирање меѓународни интервенционистички трупи во кризниот регион Дарфур во Судан. Тој го повтори барањето за поостри санкции против владата во Картум и најави дека по потреба САД ќе дејствуваат сами. Францускиот претседател Саркози, пак, најави одржување меѓународна конференција за Дарфур на министерско ниво. На неа би требало да се разгледува не само можното политичко решение, туку и проблемите за хуманитарната помош и безбедноста.

Водечките политичари од најразвиените земји на светот и Русија на самитот во Хајлигендам разговараа и за други актуелни жаришта од меѓународните односи. Тие искажаа загриженост поради иранската атомска програма, но нагласија дека и натаму ќе водат политика на два колосека: закани со заострени снакции од една, и истовремено држење отворена врата за преговори од друга страна.