Совет за безбедност - Косово
18 јули 2007Реклама
Наспроти заканата од руско вето, Западните земји подготвија се‘ за гласање за иднината на Косово во Советот за безбедност на ОН. Под раководство на САД синоќа беше поднесен малку изменет предлог резолуција, што ја поддржаа уште Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Италија. Русија го одби претходниот текст со образложение дека прејудицира конечно решение независност. Западните дипломати на Ист ривер тврдат дека нема точен временски план за гласањето, бидејќи се чека реакција од руската страна.