САД – Косово
6 јули 2007Реклама
Американскиот Стејт департмент соопшти дека процесот за решавање на статусот на Косово продолжува, но за сега нема временски рокови за затворање на ова прашање. „За сега не можам да кажам дали има напредок во надминувањето на разликите меѓу Русија и некои земји членки на Советот за безбедност. Но, тоа е многу важно прашање за Европејците, исто како и за нас„ – порача портпаролот на Стејт департментот Шон Меккормак.