САД – Косово
19 мај 2007Реклама
Американскиот генерал Вилијем Саливен како претставник на НАТО изјави дека американската војска заедно со сојузниците ќе остане на Косово и по утврдувањето на статусот. На средбата со косовскиот премиер Агим Чеку Саливен порача дека американскиот ангажман ќе биде безрезервен, како на политички, така и на безбедносен план. Чеку при тоа побара поддршка од НАТО генералот за приближувањето на Косово кон евро-атлантските структури.