Русија – бомбардери
18 август 2007Реклама
По крахот на Советскиот сојуз, Русија повторно ги воведува 24-часовните патроли на нејзините бомбрадери. Претседателот Владимир Путин овој чекор го образложи со растечките закани. По крајот на студената војна, Москва еднострано ги запре овие летови, но тој пример, за жал, не го следеа сите држави. Во акција ќе бидат вкупно 20 авиони вооружени со ракети, изјави Путин. Вашингтон на ова реагираше спокојно, бидејќи не биле засегнати американските интереси.