1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рикер загрижен за ситуацијата на Косово

6 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BDIK

Шефот на УНМИК Јоаким Рикер изјави дека сегашната ситуација на Косово не е долго одржлива. Ваквата оценка ќе стои и во неговиот редовен извештај што в понеделник ќе му го поднесе на Советот за безбедност на ОН во Њујорк. Според Рикер луѓето го загубиле трпението и се уморни од двојното раководење со покраината. Сепак порача дека за постигнување на крајната цел косовскиот народ мора да има трпение. Американскиот Стејт департмент соопшти дека процесот за решавање на статусот на Косово продолжува, но за сега нема временски рокови за затворање на ова прашање.