Рајс во посета на Блиски исток
18 септември 2007Реклама
Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс по шести пат оваа година патува на Блискиот исток. Планитрани се разговори со водечки политичари од Израел и претседателот на Палестинците Махмуд Абас. Се очекува Рајс да разговара за подготовките на конференцијата за Блискиот исток, која како што е планирано треба да се оддржи во ноември, како и за новиот почеток на процесот за мировни преговори по последната средба меѓу Абас и израелскиот премиер Ехуд Олмерт. Според однапред познатите податоци од извештај на Светската банка, на палестинската влада под водство на премиерот Салам Фајад и се потребни 1,6 милијарди долари помош.